• Latest

Месечен весник „Европа“ посветен на европски вредности и човекови права

October 9, 2020

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Месечен весник „Европа“ посветен на европски вредности и човекови права

October 9, 2020 16:45
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Излезе осмиот број на весникот на „Европа“, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, посветен на европските вредности и човековите права.

Весникот произлегува од проектот „Европа е наш дом“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и каде се објавуваат најчитаните и највлијателните содржини поврзани со темите на проектот, објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ .

Во осмиот број на „Европа“, одговорниот уредник Игор К. Илиевски во својот уводник пишува дека во месецот кога се одбележува Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, за кој ЦИВИЛ уште пред седум години поднесе иницијатива до Собранието да биде прогласен за национален празник, бевме сведоци на бројни насилни инциденти, и вербални, но и физички. ЦИВИЛ и месецов неколку пати ги повика институциите да го спречат и санкционираат насилството во сите негови форми, и ја продолжи интезивната кампања против говорот на омраза и делата од омраза.

Во овој број на „Европа“ се опфатени содржини со активностите на ЦИВИЛ со цел на промовирање на европските вредности , преку инфо-штандови во различни општини низ земјата, содржини за панел дискусијата во организација на ЦИВИЛ на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, со излагања на јавни личности, како и содржини од серијата интервјуа со жртвите на режимот, кои ЦИВИЛ ги спроведе во текот на минатата година.

Седмиот број на „Европа“ го опфати на Граѓанскиот форум за учество во креирање политики, каде ЦИВИЛ организираше серија настани во рамки на форумот и ги повика сите заинтересирани граѓани своите очекувања, предлози и барања да ги достават до организацијата.

„Поради вечната епидемија, но не онаа на ковид, туку на плукање и лажење, ЦИВИЛ ги повика
граѓаните да пријавуваат лажни вести и говор на омраза, партиите да ги зауздаат своите тролови, а институциите да ја прекинат неказнивоста на говорот на омраза“, пишува уредникот Илиевски во уводникот.

Шестиот број е посветен на трите појави кои го одбележаа месец јули, односно предвремените парламентарни избори и двете епидемии, од КОВИД-19 и говорот на омраза.

Изборниот процес, во сите негови аспекти, беше будно проследен од ЦИВИЛ, со набљудувачи на терен, но и со тимови за мониторинг на говорот на омраза и финансирањето на кампањата.

„Лошиот Изборен законик, тензиите во техничката влада и предизвиците со коронавирусот доведоа до безброј проблеми. Имаше недоразбирања и меѓу медиумите, АВМУ и ДИК. Избија и неколку скандали, како оној поврзан со маркетинг агенцијата Маркет висион, која своевремено добивала милионски тендери од владата на Груевски, а сега објавува анкети со сомнителни резултати“, се вели во уводот на петтиот број на весникот „Европа“. 

Број четири од весникот „Европа“ ги опфаќа темите за месец мај, односно она што го одбележа месецот, кој  почна со струшката литија, а заврши со Рамазан Бајрам, и ги стави верските заедници над државата, а религиските над човековите права.

„Иако пандемијата на КОВИД-19 ја натера Владата привремено да им ги намали платите на функционерите, но ја избегна јавната администрација, Уставниот суд го запре и тоа јунаштво. Како и секогаш, И оваа мака остана јуначки да ја истрпи – народот. Поради тоа, ЦИВИЛ потсети на својата иницијатива „Крај за расипништвото“, која ја покрена уште лани и побуди интерес кај граѓаните и антикорупционерите, но не и кај „јунаците“, кои и тогаш во црна земја погледнаа…“, пишува уредникот во третиот број од весникот. 

Во овој број се навративме и на шарената револуција и на „крвавиот четврток“, упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Вториот број на весникот  ги опфати содржините од панел дискусијата на ЦИВИЛ за говорот на омраза, и за тоа дека по 26 години, Република Северна Македонија стана 30 членка на Алијансата, а речиси истовремено, Европскиот Совет на земјата и даде зелено светло за почеток на преговори.

Во првиот број објавивме содржини што се однесуваат на проектот, како и неколку
најчитани и највлијателни содржини поврзани со темите на проектот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ