• Latest

Метнар: Ја поддржуваме ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија, не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија

May 11, 2021

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Метнар: Ја поддржуваме ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија, не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија

May 11, 2021 13:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Чешката Република  го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици  понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Северна Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме Северна Македонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион, рече Метнар на новинарско прашање за можното одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на ЕУ интеграцијата.

Министерката за одбрана Шекеринска пак истакна дека отсуството на политичка влада со целосен капацитет во Бугарија е фактор, кој ќе влијае на процесите, но вели тоа не треба да влијае на нашиот ангажман за постигнување на целта.

– Ниту Европа, ниту регионот, ниту ние не можеме да чекаме сите избори да поминат. Ние мора да ја работиме нашата задача. Посетата на премиерот и владиниот тим, сите средби кои што ги правиме е да покажеме уште еднаш и да акцентираме дека тоа што требаше да се сработи од наша страна е сработено, дека покажавме огромен капацитет да дискутираме со нашите соседи и да наоѓаме решенија кои се посакувани од двете страни и се можни. Никој не може да се сомнева во нашата намера да создаваме добри меѓусоседски односи и ние тие аргументи ќе ги повторуваме секој ден и во секоја прилика. И се надеваме дека и Бугарија ќе биде подготвена час поскоро да се најде решение и да тргнеме напред, вели Шекеринска.

Овој регион ако ги чека да се завршат сите избори постојано ќе биде во статус кво кое што видовме колку чини во претходните  15 години.

-Ние имаме политички капацитет дека тој статус кво го ставиме под знак прашање и покажавме дека сме спремни за чекори кои што не доснесоа и до членство во НАТО. Затоа нашите аргументи ги споделуваме со нашите НАТО-сојузници зато што сметаме дека треба да се чујат, вели министерката за одбрана Шекеринска и се заблагодари за чешката поддршка на состаноците во ЕУ.

Чешка и Словачка, кон крајот на минатата година ги блокираа заклучоците на Советот на ЕУ во однос на проширувањето на Западен Балкан, поради несогласувањето со текстот во нацртот кој се однесуваше на Северна Македонија со референцата за „погрешно толкување на историјата“ и долгата форма на името на земјава, што беше побарано од Бугарија.

-Нема да дозволиме ЕУ да ни биде судија за заедничката историја, порачаа тогаш во заедничка изјава Словачка и Чешка.  Двете земји сметаа дека текстот содржел елементи, како и перцепција за фалсификување на историјата, што би било штетно на процесот на проширување и потенцијално може да донесе дополнителни компликации на патот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ