• Latest

МФ: Имаме најголема реализација на препораките за економски реформи од ЕУ од земјите во регионот

May 19, 2020
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Имаме најголема реализација на препораките за економски реформи од ЕУ од земјите во регионот

May 19, 2020 12:52
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија годинава е најдобра во регионот во однос на препораките на Европска комисија од Програмата за економски реформи, за периодот од мај 2019 година до јануари 2020 година, кои се однесуваат на реформски мерки за јакнење на финансиската стабилност и креирање на работни места. Исто така, Европската комисија позитивно ги оцени нашите политики за справување со коронакризата, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Денеска, информираат од МФ, на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и Западен Балкан и Турција, кој се одржуваше онлајн, учествуваа министерката за финансии, Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Последниве три години, Република Северна Македонија е меѓу првите земји во регионот во спроведувањето на економски мерки согласно препораките дадени од Европската комисија во рамки на Економскиот и финансиски дијалог.

Министерската за финансии, Ангеловска, која го координира процесот на подготовка на економските мерки во Програмата, посочи дека има релативно добар напредок во мерките. Кај некои спроведувањето е на повисок степен, некои се подолгорочни мерки и треба подолго време да се спроведат. Добра реализација има во реформите во поглед на социјалната заштита, како и спроведувањето на мерката за младинска гаранција. Исто така, се преземаат напори за справување со најгорливиот проблем, сивата економија, за која Министерството за финансии изготви акциски план.

На Економскиот и финансиски дијалог стана збор за спровувањето со Ковид-19 кризата и се разменија искуства за краткорочните мерки кои се спроведуваат за справување на последиците, како и за среднорочните мерки насочени кон опоравување. Министерката за финансии посочи дека досега земјава има донесено три сета на мерки – два за премостување на кризата насочени кон даночни ослободувања, финансиска поддршка за зачувување на работни места, ликвидносни инјекции и регулаторни мерки и третиот насочен кон поддршка на потрошувачката и на стопанството преку низа мерки.

Народната банка, велат од МФ, е директно вклучена во спроведувањето на неколку од минатогодишните препораки од Програмата за економски реформи, кои доминантно се насочени кон натамошно зајакнување на финансиската стабилност. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочува дека оцената на институциите на ЕУ за спроведувањето на овие препораки укажува на значително ниво на имплементација и е една од двете највисоки меѓу оцените за имплементацијата на шесте групи препораки, со што директно придонесува за вкупниот резултат на нашата земја. Остварувањата во однос на овие препораки, како што е истакнато, ја одразуваат посветеноста на Народната банка за целосно заокружување на реформите.

Во рамки на Економскиот и финансиски дијалог, јасно беше посочено на успешното остварување на монетарните цели и на просторот којшто Народната банка постојано го гради, а којшто ѝ овозможи и брза реакција за ублажување на ефектите од корона-кризата.

Ангеловска-Бежоска,како што посочуваат од МФ, истакна дека препораките во рамките на дијалогот со ЕУ имаат значајна улога во зајакнувањето на економските фундаменти и дека Народната банка ќе продолжи посветено да работи на спроведување на препораките од Програмата за економски реформи за наредниот период, коишто овозможуваат побрзо усогласување со европските стандарди.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ