• Latest

Мичел: ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан, правиме напори спорот за името да се реши

June 7, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мичел: ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан, правиме напори спорот за името да се реши

June 7, 2018 09:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За САД југоисточното крило на Европа, вклучително и Западен Балкан, е стратешки важен сегмент во одбраната од руското и кинеското влијание во регионот и Вашингтон прави активни напори за решавање на спорот за името за Македонија да влезе во НАТО.

Ова го истакна Вес Мичел, помошник државен секретар во Стејт департментот задолжен за Европа и Евроазија, на обраќање во Херитиџ фондацијата каде што ја промовираше стретегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.

– ЕУ го загуби фокусот на Западен Балкан во последните години и Стејт департментот зазеде став за активна улога во решавање на проблемите на Балканот – помеѓу Косово и Србија, внатрешните проблеми во Босна и надминување на ќорсокакот со спорот за името помеѓу Македонија и Грција, изјави Мичел, одговарајќи на прашања од присутните.

Тој посочи дека неодамна ги посети Србија, Косово и Македонија и оти Вашингтон е во секојдневна координација со партнерите од Германија, Франција, Италија и Велика Британија, а за решавањето на проблемите во Западниот Балкан се дискутира секојдневно во неговиот ресор.

Мичел истакна  дека САД  продолжува да игра тивка улога заедо со ЕУ, Германија и останатите и охрабрува да се најде решение за името за Македонија да стане членка на НАТО.

– На сите овие области на дневна основа трошима време и енергеија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан. Не очекувам некои од овие проблеми, што се влечат многу одамна, да бидат целосно решени во скорешно време, но мислам дека правиме добар напредок, рече Мичел.

Тој исто така кажа дека САД работат активно на запирање на руската кампања на дезинформации во регионот, почнувајќи од балтичкиот регион, источна Европа па се до Балканот и Кипар.

– Постои голем предизвик со руските вложувања во Кипар и затоа работиме на тоа да го запреме руското влијание таму и во југоисточна Европа, со поцврста воена соработка со такви сојзници како Грција.

САД се против изградбата на вториот крак од гасоводот „Северен тек“, проект на рускиот енергетски монопол Газпром со кој се зголемува зависноста од руски гас во западна Европа со тоа што се заобиколуваат балтичките земји и Полска.

– Овој проект не само што прави комерцијална штета туку и ја загрозува енергетска безбедност на ЕУ. Како и „Јужниот тек“, ова е чисто геополитички проект против кого застанаа редица земји членки на ЕУ од централна и источна Европа, изјави Мичел.(МИА)

Tags: Вес МичелГрцијаимеМакедонијаруско влијаниеСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ