• Latest

Михаел Рот во Скопје – уставни измени за да продолжи ЕУ интеграцијата, саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград, заврши хистеријата – си замина и последниот Авганистанец

August 31, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Михаел Рот во Скопје – уставни измени за да продолжи ЕУ интеграцијата, саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград, заврши хистеријата – си замина и последниот Авганистанец

August 31, 2022 15:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Михаел Рот на средби со државниот врв во Скопје

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата меѓу Претседателот Стево Пендаровски и Михаел Рот се разговараше за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување и интензивен политички дијалог.

Претседателот Пендаровски истакна дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изрази благодарност што евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е висок приоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц.

На средбата се разговараше и за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија при што беше посочено дека тие се од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина.

Рот се сретна и со преседателот на Парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери при што нагласи дека неговата посета се реализира како поддршка на следните чекори кои Собранието треба да ги преземе за непречен тек на процесот на преговори за членство во ЕУ, соопшти собраниската прес-служба.

Во соопштението се наведува дека Рот изразил целосно разбирање за фрустрациите и разочараноста од актуелните случувања, потенцирајќи дека ЕУ нема право да се меша во јазичниот и културниот идентитет на Македонците и тоа мора да се почитува.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ го информираше Рот за чекорите кои земјава ги презема по прифаќањето на францускиот предлог, како и за претстојната промена на Уставот. Вицепремиерот Маричиќ со пратеникот Рот се согласија дека во процесот на уставни измени е потребно сите политички чинители да застанат зад државниот интерес, со цел процесот на преговори да се одвива непречено.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!“, напиша на Твитер, Михаил Рот, пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАПАДЕН БАЛКАН Три документи – за соработка во областа на храната, кинематографијата и цивилната заштита, ќе бидат потпишани на претстојниот лидерски самит во Белград кој, како политички дел, ќе се одржи во рамки саемот „Винската Визија на Отворен Балкан“. На самитот ќе учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.

ДЗР Во однос на вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики, државните ревизори издаваат „позитивно“ мислење за БЕСА и ГРОМ, „неповолно“ мислење за ДПА, Движењето за национално единство на Турците  и Алијансата на Албанците, додека мислење со „резерва“ државните ревизори издаваат за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

ХУМАНОСТ Успешно заврши мисијата за привремено сместување на загрозените лица од Авганистан ангажирани од НАТО. Денес, последното осумчлено авганистанско семејство Ахмадзаи претходно ангажирано од НАТО ја напушти Северна Македонија, со што успешно ја заокруживме мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои во земјава беа преземени од базата “Бехтел” во Косово, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Фејсбук.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во Лајпциг, Германија, полицијата е во потрага по сторителите кои се обиделе да запалат градинка во која одат украински деца кои избегале од руската агресија во Украина. Инцидентот се случил во саботата на 27 август, откако градинката веќе била затворена, пренесува Укринформ повикувајќи се на Билд.

*

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која претходно пристигна во Киев, тргна кон нуклеарната централа Запорожје за да ја увиди ситуацијата на терен и да формира постојано претставништво во објектот што остана заземен од руските војници од 4 март, изјави генералниот директор на МААЕ, Маријано Гроси, кој зборуваше на брифингот во Киев во раните утрински часови во средата, јавува дописникот на Укринформ.

*

Во регионот на Доњецк, руските војници изминатиот ден убија четворица цивили, а повредија уште двајца, додека во руските напади во градот Никопол беше повредена е 57-годишна жена,  пренесува Укринформ.

*

Популацијата на Русија постојано се намалува како резултат на лошата здравствена заштита, алкохолизмот, хроничниот стрес и сиромаштијата, наведува украинскиот Центар за стратешка комуникација и информациска безбедност (ЦСКИС) во најновото видео издание.

„Оваа ситуација наскоро може да доведе до колапс на веќе стагнантната руска економија. Затоа Кремљ се обидува да ја искористи војната во Украина за да ја подобри демографијата во Русија“ – наведува ЦСКИС, врз основа на статистиката споделена во видеото.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

Дебатата трае. И додека обични луѓе и политичари од целиот свет испраќаат милиони пораки со поддршка за Сана, конзервативците се полни со отров. Не ѝ личи на премиерката така да се однесува, ја загрозила безбедноста на Финска, ја злоупотребила функцијата (танцувала во работно време, аууу!) и што ти не… Како што им личи на заостанати и вечно намуртени душебрижници („ш“ во претходниот збор може да се замени и со „п“), какви што имаме насекаде околу нас и во светот. Нема да ме зачуди ако некаде прочитам дека некој ѝ ставил чип во чашата со пијалок, пишува Џабир Дерала во колумната „Светот оди напред, танцувајќи“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ