Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва излезе од притворот во КПУ „Скопје“ во Шуто Опизари, по одлуката на Апелацискиот суд со која се уважи неговата жалба за определениот притвор за случајот „Плацеви на Водно“.
При излегувањето на Мијалков, насобраните новинари им приговорија на затворските редари и на полицијата за тоа дека Мијалков има посебен третман, поради тоа што го чекаше возило до самата капија на затворот, нешто што не им се дозволува на други притвореници.
Додека Мијалков влегуваше во возилото, настана турканица меѓу полицајци и новинарите, кои сакаа да му постават прашања на екс-шефот на тајната служба. Новинарите се пожалија на попречување во нивната професионална работа.
Апелацискиот суд вторпат за десетина дена донесе ваква одлука, по првично определените мерки притвор од Кривичниот суд. Бранењето од слобода Мијалков го гарантира со кауција од 11 милиони евра.
Ц.Д