По објавувањето на постер со фотографија од екс-премиерот Никола Груевски, со лисици и маичка со натпис: „Ја сакам Унгарија“, а на постерот пишува: „Зошто Орбан го крие македонскиот бегалец?“, на социјалните мрежи се појави фотомонтажа со ликот на Сашо Мијалков со лисици и маичка на која пишува „Ја сакам Шутка“.
Мијалков пред два дена беше приведен и однесен во затворот Шутка каде што му е одредена мерка притвор од 30 дена.