Сашо Мијалков останува во притвор откако Кривичниот суд донесе одлука да ја одбие понудената гаранција во вредност од речиси 11 милиони евра.
“Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како неоснован“, пишуваат од Судот.
Ова решение не е правосилно, односно против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението.