Одлуката е донесена по жалба од Мијалков во Апелациониот суд, за притворот определен за случајот „Трезор“ во кој поранешниот директор на УБК веќе е осуден во првостепена судска постапка во Кривичниот суд., пренесува Телма.
Од Апелациониот суд во Скопје за Телма потврдија дека притворот е укинат со прифатена гаранција во вредност од 11.106.501 евра, која во недвижности е понудена од обвинетиот Сашо Мијалков.
Според процедурата, за имотот не се врши проверка на потекло, туку треба да се стави под хипотека од страна на Агенцијата за катастар.