„Законот има ограничување. Моите 35 години како бранител се фрлаат како неважечки. Па нели тука многумина истакнаа дека имаме недостиг на обвинители, дека ни Академијата нема доволен капацитет да ги пушти кадрите за обвинителствата. Во законот се вели дека имаат право да конкурираат обвинители, судии, но не и адвокатите. Каде е тука рамноправноста, недискриминацијата?“, прашува Еленко Миланов, адвокат, кој бараше амнестија за обвинетите за настаните од 27 април 2017 во Собранието, инаку и адвокат на неколку од обвинетите.
А. З.