Македонскиот институт за медиуми утре во Клубот на новинарите, со почеток во 11 часот, ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2016 година,
На конкурсот се пријавија 39 автори, со вкупно 69 стории, обработени во 97 текста/прилози, објавени на интернет портали, телевизии и во неделници.
Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува традиционално по шеснаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.