• Latest

Минатата година на границите со соседните земји спречени се 27.391 обид за илегални преминувања

February 8, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Минатата година на границите со соседните земји спречени се 27.391 обид за илегални преминувања

February 8, 2023 21:33
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски  вечерва ги посети полициските службеници од пунктот за борба со илегална миграција и криумчарење мигранти во Демир Капија.

Посетата е  дел од активностите за контрола и проверка на работните активности во оперативниот план  во делот на спречување на илегалната миграција, што, како што изјави Спасовски, е исклучително голем предизвик не само за државава, туку и за Европската унија и пошироко.

-Тоа што го презентираа колегите кои работат директно на терен укажува на фактот дека посветеноста, целите, задачите, што се зададени пред македонската полиција се оставаруваат со темпо што гарантира безбедност на државата и на целите во овој регион, изјави Спасовски.

Тој истакна дека еден од приоритетите на кои се работи е спречувањето на илегалната миграција. Минатата година, наведе министерот, ја завршивме со 100 процентно зголемување на откривачката активност при спречување обиди за илегална миграција.

 -Во подолг временски период многу посветено работиме заедно со колеги од повеќе европски држави на заедничка билатерална акција и на обезбедување на јужната граница, но и во внатрешноста заради тоа што и спречувањето илегално влегување во државата и откривањето криумчарење мигрантите е една од поглавните работи, изјави Спасовски.

Се заблагодари на сите припадници од билатералната мисија за активностите и успесите што ги имаат заедно со македонските полициски службеници бидејќи, нагалси, направиле Северна Македонија да биде држава која одлично се справува со спречување илегален влез.

Според податоците на МВР, лани на границите со соседните земји спречени се 27.391 обид за илегални преминувања.

Јужната граница се уште е клучна точка за влез на мигрантите и нивно натамошно движење, што се гледа и во бројот на спречени обиди на границата со Грција, 24.965, каде е забележано зголемување на обидите за 35,5 отсто.

Статистиката на МВР покажува дека криумчарењето мигранти бележи пораст, за 68,2 проценти е зголемен бројот на откриените случаи, а за 80 проценти на спречени мигранти. Најголем број од случаите, 73 проценти,  се откриени од полициски службеници од Регионален центар „Југ“  чија ефикасност се должи на заедничкото делување на мешани патроли со странските полициски службеници од осум држави кои вршат засилен надзор на јужниот дел од државната граница.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: границиМВРмигрантиСпасовски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result