Собранието со 59 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“, попладнево го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка.
Пратениците попладнево во рамки на 116. седница со 62 гласа „за“, без воздржани и без ниту еден глас против го донесоа и Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, по скратена постапка.
„Честитки до сите работници и работнички! Законот за минимална плата е изгласан во Собранието. Уште од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. Секој граѓанин заслужува да има пристоен живот, затоа минималната плата од 9.500 денари на почетокот на мандатот, ја зголемивме на 14.500 денари. Го подобруваме животниот стандард на граѓаните и продолжуваме да се бориме Северна Македонија да стане поубаво место за сите“, напишал премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
Д.М.