• Latest

Министерот Минчев го замолува вицепремиерот Меџити да не се однесува како „Алиса во Земјата на чудата“

February 21, 2025
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Министерот Минчев го замолува вицепремиерот Меџити да не се однесува како „Алиса во Земјата на чудата“

February 21, 2025 12:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа, соопшти Кабинет на министерот за јавна администрација Горан Минчев.

„Би го замолил г-динот Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата, ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на законските процедури и принципите на доброто управување.

Јасно и недвосмислено потенцирам дека сите вработувања во јавниот сектор во моментов се одвиваат исклучиво според потребите на институциите, врз основа на претходно добиени согласности од релевантните институции и во согласност со Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници“, додава Минчев.

Тој вели дека секое вработување се заснова на принципите на компетентност, стручност и професионална подготвеност на кандидатите, а не на партиски ветувања или политички притисоци.

Министерството за јавна администрација е цврсто посветено на почитувањето на мерит системот, што значи дека вработувањата и унапредувањата во јавниот сектор мора да се темелат исклучиво на квалитетот и способностите на кандидатите, а не на нивната етничка или политичка припадност.

„Политиката на популистички вработувања не само што би го нарушила интегритетот на администрацијата, туку и би ги загрозила реформите кои имаат за цел создавање ефикасна, професионална и деполитизирана јавна администрација. Јавниот сектор не е предизборен пазар каде што се раздаваат работни места во замена за политичка поддршка“, вели Минчев.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат институции кои работат професионално и транспарентно, а не администрација изградена врз база на популистички ветувања.

„Затоа, апелирам на одговорност и реален пристап кон јавните политики, а не на нереални ветувања кои служат само за собирање политички поени во пресрет на изборите“, заклучи Минчев.

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјави Меџити.

Тој додаде дека Демократското движење е посветено на обезбедување поправично и подостоинствено претставување на Албанците во државните институции, создавајќи конкретни можности за вработување и професионален развој.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ