• Latest
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига (фото извор: ФБ профил на Андриј Сибига)

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига: За правилните називи и самопочитта – Кијив, не Киев!

July 19, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига: За правилните називи и самопочитта – Кијив, не Киев!

July 19, 2025 21:22
in АКЦЕНТ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига (фото извор: ФБ профил на Андриј Сибига)

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига (фото извор: ФБ профил на Андриј Сибига)

Share on FacebookShare on Twitter

Од комплексот на пониска вредност мораме да се ослободиме коренито.

Неодамна, на мојата маса ми донесоа нота од една странска држава, со која таа ни се обраќаше по некое прашање. Почнав да го читам текстот, сè додека не стигнав до зборот „Kiev“. Понатаму не читав. Наредив: „Да се врати без разгледување и да не се примаат повеќе такви документи“.

Прво нека го научат правописот на украинските градови, па потоа нека „повторно ја изразуваат својата длабока почит“.

Истото важи и за украинските топоними како Odesa, Lviv, Chernihiv, Kharkiv, Chornobyl и други, кои треба да бидат напишани според украинската, а не според руската транслитерација.

Министерството за надворешни работи систематски работи на коригирање на погрешното пишување на нашите топоними ширум светот. Станува збор за онлајн ресурси, медиуми, транспорт, јавни простори, државни институции, уметност и други области. И веќе имаме постигнато успеси на ова поле. Најголемите светски медиуми, како што се AP, BBC, The Guardian, ARD и многу други, транспортни компании како Air France и други, стотици аеродроми ширум светот, владите — на Германија и други земји — меѓународни организации и други, веќе ги сменија правилата за пишување на украинските градови во коректни транслитерации од украинскиот јазик.

Во исто време, оваа работа, секако, продолжува. Одвреме-навреме откриваме погрешни називи ту тука, ту таму. Му благодарам на секој граѓанин, активист и организација кои ни помагаат во ова. Ако ние самите не го правиме тоа, никој друг нема да го стори наместо нас.

Сега дојде време за следниот голем чекор.

Ќе почнеме да ги враќаме во националната употреба имињата на странски топоними од украинско потекло.

Зашто ние во Украина велиме Берестја, а не Брест. Билгород, а не Белгород. Доброчин, а не Дебрецен. Овој список може да се продолжи.

Користењето украински имиња е наше суверено национално право, кое при тоа е и во согласност со важечкото законодавство. Став 3 од членот 41 од Законот „За обезбедување на функционирањето на украинскиот јазик како државен“ директно предвидува предност за украинските имиња на странски топоними.

Особено, тоа е прецизирано во нашето законодавство:

„Називите на географските објекти и топонимите, лоцирани на територија на други држави, како и на географски објекти и топоними на кои не се применуваат суверенитет и јурисдикција на ниту една држава, кога се користат во Украина, се прикажуваат на државниот јазик во транскрипција од оригиналниот јазик, со почитување на особеностите на украинската фонетика и правопис. Ако таков географски објект или топоним има име од украинско потекло, тогаш тоа име може да се користи наместо или покрај странското. Во официјалните документи предност има името од украинско потекло“.

МНР на Украина ќе биде институцијата која ќе ги иницира правилните чекори за систематизирање на националната употреба на имињата од украинско потекло за странски топоними. Станува збор за користење во Украина — никому ништо не наметнуваме.

Други држави и меѓународни организации имаат свои географски комисии кои водат соодветни регистри. Ваква работа е време да се спроведе и во нашата држава. Наскоро ќе иницираме стручна расправа, широка јавна дискусија и меѓуресорска подготовка на неопходните чекори.

Како и во случајот со исправување на некоректната употреба на имињата на нашите градови од страна на странци, така и во случајот на премин на украински имиња за странски топоними — сето тоа е, пред сè, прашање на почит. Поточно, на нашата самопочит како држава. Другите ќе нè почитуваат само ако ние самите се почитуваме себеси.

Ве поканувам да напишете во коментарите кои имиња на странски топоними од украинско потекло ги знаете — и кои би сакале да ги видите во официјална употреба.


Кијив, не Киев!

 

1 of 7
- +
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ