• Latest

Министерот за правда Тупанчески на средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава

February 11, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Министерот за правда Тупанчески на средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава

February 11, 2022 10:25
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за правда Никола Тупанчески се сретна со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов, со кој разговараа за досегашната успешна соработка, како и за идните чекори и активности за подобрување на правата на децата.

На средбата министерот за правда Тупанчески ја истакна цврстата определба за натамошно градење на системот за правда за децата востановен со Законот за правда за децата и создавање услови за остварување на целите на овој закон, односно давање предност на превентивните, заштитните и воспитните мерки, применување на лишување на дете од слобода само како последно средство во постапката, примена на модели на ресторативна правда и унапредување на системот на превенција на детско престапништво.
Воедно, истакна дека во тек се и работни групи кои работат на подготовка на комплетно нов Кривичен законик и подготовка на измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка.
Исто така министерот за правда Тупанчески потсети дека се работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво.
Ајвазов изразил задоволство и благодарност до Министерството за правда што континуирано работи на заштитата на човековите права, особено на правата на детето. Тој ги пофали и заложбите на министерството за унапредување на правдата за децата, а особено го посочи големиот успех во примената на алтернативните санкции, воспитните наредби и мерките насочени кон зајакнување на одговорноста на малолетните сторители и нивна ресоцијализација во општеството.
На крајот од средбата, министерот Тупанчески и заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава Ајвазов, се согласија дека има многу области во кои УНИЦЕФ и Министерството за правда можат да работат заедно и изразија уверување дека соработката ќе биде успешна во и иднина.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ