пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Министерот за внатрешни работи не е доволно само да се чуди, зашто некој на свадба се весели со пукање од огнено оружје. Бидејќи станува збор за кривично дело, он е должен сторителите веднаш да ги апси.
Овој ист министер, своевремено вети и, колку што знаеме, до сега не ги откри тие што на плоштадот Скендербег, откако ја донесоа, со стрелање од повеќе видови огнено оружје, ја прославија победата за градоначалник на Чаир на коалицијата СДСМ-ДУИ.
Не треба да се исклучи можноста и во случајот со пукањето на свадбата во Тетово, да останеме само со тоа што на министерот Оливер Спасовски не му е јасно зошто некој се весели со пукање од огнено оружје.
Една од причините зошто оваa навика и натаму е присутна кај еден заостанат слој граѓани, г. Министер, е и неказнивоста и селективноста.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Со преземање спротивно на Условите на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.