• Latest

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува за донација на лекови со краток рок

August 18, 2018
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува за донација на лекови со краток рок

August 18, 2018 17:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство го демантира обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ  за донација на лекови со краток рок на употреба од невладина организација во сопственост на министерот за здравство Венко Филипче, отфрлајќи го како лажно тврдење и инсинуации на опозициската партија.

– Ширењето лажни вести, лаги и пропаганда од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните портали е со цел оцрнување на работата на министерот за здравство и обид за добивање ситни дневнополитички поени кои се загрижени поради успешно водење на здравството во Македонија во изминативе месеци, пишува во реакцијата.

Министерството посочува дека невладината организација PHM-CEE, од која дел е и министерот Филипче и која се спомнува во прес-конференцијата и од некои портали, е дел од голема граѓанска меѓународна организација, која не е во функција повеќе од една година.

Дополнително, се додава во реакцијата, груба шпекулација е дека сега или кога било во минатото биле донирани лекови и инсулин од страна на невладината организација PHM-CEE. Донацијата за инсулин која се спомнува на прес-конференцијата за овој период е директна донација од „Ново Нордиск“.

– Во врска со наводите за пречекорување на рокот на траење на инсулинот сакаме да потенцираме дека сите пациенти кои се на инсулинска терапија подигнуваат инсулинска терапија, која се троши за индивидуални цели и за период од 28-30 дена. Тоа значи дека сите пациенти кои заклучно со денешен датум ќе го подигнат инсулинот истиот ќе го употребат до 15 септември 2018 година. Одговорно тврдиме дека нема инсулин во Република Македонија кој е со краток рок. Апелираме и повикуваме, доколку пациентите кои се на инсулинска терапија имаат таков доказ дека им е издаден инсулин со краток рок, веднаш да реагираат во Министерство за здравство, наведува Министерството во соопштението.

Се појаснува дека инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018 година е потрошен во јули. Од 15 август 2018 година веќе се обезбедени и се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци, а секој лот (серија) на сите видови инсулин е регистриран со количина и рок на траење.

– Вака изнесените невистини нанесуваат штета на Министерството за здравство и влијаат на пациентите, поради што го повикуваме портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски јавно да се извини. Во спротивно, Министерството за здравство ќе ги преземе сите расположливи правни инструменти согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и останатите позитивно-правни прописи на Република Македонија, се наведува во реакцијата на Министерството за здравство. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ