Министерството за здравство и невладината организација „САНО“ ги повикуваат роднините на сите повредени од тешката сообраќајна несреќа која се случи пред два дена на автопатот Скопје – Тетово, доколку немаат сместување во Скопје да се пријават за сместување во родителската куќа (која се наоѓа во близина на Министерството).
Во несреќата загинаа 14 лица, а 37 патници се повредени.
Д.М.