• Latest

Министерството за животна средина започна со проектот за спроведување на законодавството за управување со отпад

June 1, 2023

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Министерството за животна средина започна со проектот за спроведување на законодавството за управување со отпад

June 1, 2023 12:32
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го почна проектот „Поддршка во спроведувањето на законодавството за управување со отпад и шемата за проширена одговорност на производителот“ финансиран од ЕУ, a партнери се Унгарија и Австрија. Со проектот се дохармонизира домашното законодавство во делот на проширената одговорност со она на Европската унија.

Шефот за соработка во Делегацијата на ЕУ Стефан Худолин истакна дека на земјава ќе и се помогне со еден милион евра за поголема подготвеност во делот на законодавството и хармонизација на законите за отпад и рециклажа. Худолин посочи дека ЕУ во минатото, заедно со земјите членки, мобилизирале значајни фондови за животната средина и за отпадот, но, како што посочи, има заостанување кога станува збор за имплементацијата и упати повик до институциите за што побрзо спроведување на овој проект на терен, јави МИА.

– Ова е за зголемување на одговорноста на производителите и справување со отпадот од каде што се произведува, но пред се успешноста во справувањето со отпад во оваа земја зависи од имплементацијата на законите и како тоа ќе се проследи од страна на надлежните, рече Худолин.

Министерката за животна средина Каја Шукова, во изјава за медиумите, истакна дека продолжувањето на хармонизацијата на домашното законодавство со она од Европската унија со помош на средства од ЕУ, е значително за земјава.

– Тоа што е битно е дека го дохармонизираме законодавството во делот на проширената одговорност каде што имаме сериозни партнери кои треба сериозно да работат во делот на намалување на количините на отпад коишто финално ги депонираме и се согласно принципите на циркуларната економија, истакна Шукова.

Во однос на информациите што се појавија во медиумите дека се гради пристаниште на албанската страна на Охридското Езеро, министерката Шукова рече дека не станува збор за такво нешто, туку се работи на расчистување на теренот. Според Шукова, нема реакција од УНЕСКО дека воопшто се гради таков објект.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ