• Latest

МИОА најави формирање на Агенција за дигитализација на општеството и ИТ поддршка на институции

December 24, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МИОА најави формирање на Агенција за дигитализација на општеството и ИТ поддршка на институции

December 24, 2020 13:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Започната е подготовка на Закон за дигитална агенција, која што ќе се оформи во текот на 2021 година, како централна институција за спроведување на процесот на дигитализација во општеството, но и целосна ИТ поддршка за државните институции.

„Дигиталната агенција е неопходност на нашиот јавен сектор и јас сум целосно посветен тој процес да го предводам и очекувам максимална поддршка од Владата во финансирањето на тој процес. Тука спаѓа и проектот за државен клауд систем, кој што исто така јас веќе не само што го иницирав, туку поднесовме и проектно фише во првите 100 дена пред донаторите од ЕУ како еден од приоритетните проекти, со кој што треба да гарантираме едно централно место, државен центар во кој што ќе се постават сите системи на јавниот сектор“, рече министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во отчетот за сработеното во првите 100 дена од работата на Владата.

Државата, потенцираше тој, мора да ги надгради оптичките мрежни капацитети со цел користење на најмодерните технологии и ИТ решенија, како и подготовка за идните решенија кои што веќе ќе почнат да се применат и кај нас, па затоа не смееме да имаме лоши „ИТ патишта“. Тие проекти, бидејќи се обемни и многу скапи, ќе се имплементираат со помош на фондови од Светската банка и Инвестициската рамка на Западен Балкан, како и ИПА инструментот на ЕУ и веќе се подготвува документацијата, односно дел од нив се предадени на оценување, информира министерот.

Со ИПА проектот за подобрување и проширување на владините и јавните електронски услуги што почна во септември годинава работните групи ги мапирале институциите каде што ќе се развијат нови електронски регистри и услуги, идентификација на услугите, а направена е и динамика за нивно спроведување.

„Четириесет регистри и услуги ќе бидат готови до на лето, а до крај на проектот вкупно ќе има нови 135 електронски услуги за граѓани и бизниси, со цел олеснување и подобрување на функционирањето на институциите и одговорноста пред граѓаните и бизнисите“, најави Шаќири.

Тој соопшти и дека во соработка со Министерството за образование и наука во употреба се пуштени нови електронски услуги, како што се услугите за нострификација на дипломите, како проект преку Британската амбасада. Се работи и на интегрирање на нови услуги на националниот портал на електронски услуги, како што се апликациите за студентски и ученички стипендии, упис во училиште, упис во градинка и апликација за грант за реновирање на училишта.

Центар за сајбер безбедност е неопходност на модерното време, рече министерот и најави дека МИОА во следниот период ќе постапи според Стратегијата за сајбер-безбедност со цел мапирање на целата критична инфраструктура на ниво на државата како и можноста за основање оперативно тело или институција која што ќе ја третира оваа проблематика, а која што нема да биде дел од дигиталната агенција.

„Во изминатиот период МИОА потпиша меморандум за соработка со светскиот бренд Мастеркард за обезбедување на електронска идентификација и доверливи услуги и таа соработка беше однесена на едно ниво погоре во изминатите 100 дена, со тоа што Мастеркард и нивниот изведувач Евротраст доби пристап во нашата платформа за интероперабилност. Во следниот период ќе ја разгледаме можноста за продолжување на соработката со конкретни услуги со модалитетите кои што ќе се договараат“, соопшти Шаќири.

Во отчетот тој информираше и дека почнале активности за подготовка на Стратегија за отворени податоци и најави дека таа ќе се финализира во првата година од мандатот, а се осврна и на активностите за подготовка на законите за реформа на јавната администрација. Врз основа на ревизијата во октомври годинава е одлучено предлог-текстовите на законите за измена и дополнување на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор да се повлечат, преработат и да бидат предложени нови.

Во однос на подобрувањето на квалитетот на управувањето, испораката на квалитетни услуги за граѓаните преку транспарентно, инклузивно и одговорно работење, како што рече, Министерството за информатичко општество и администрација во првите 100 дена го пушти во употреба Порталот за Отворено владино партнерство.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ