• Latest
Фото: Скриншот

Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ

June 28, 2024

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ

June 28, 2024 06:44
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел.

– Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ.

Според него, Европскиот совет ја манифестирал својата одговорност со тоа што ја донесе ваквата важна, есенцијална и тешка одлука и успеа да го заврши Самитот во еден ден, минувајќи ги сите точки од дневниот ред, иако беше планирано тој да трае два дена.

– Со номинациите е испратен моќен сигнал, моќен европски демократски сигнал, бидејќи ги земавме предвид изборните резултатите, порача Мишел.

Тој најави дека сега ќе продолжи институционалната процедура за избор на претседателката на Европската комисија и на високата претставничка од страна на Европскиот парламент.

– Сега Европскиот парламент ќе ја одигра својата улога и ќе ја покаже својата одговорност, додаде Мишел, посакувајќи им успех во работата на новите носители на врвните позиции во ЕУ.

Новоизбраниот претседател на Советот на ЕУ, Кошта во обраќање на прес-конференцијата преку видео конференциска врска, им се заблагодари на европските лидери за укажаната доверба со неговиот избор.

Тој изрази задоволство што ќе биде дел од тимот со Фон дер Лајен и Калас, кои како што рече, се „извонредни Европејки“.

– Сигурен сум дека нашата соработка ќе биде многу успешна во служењето на Европа и на европските граѓани. Европа и светот се соочуваат со предизвикувачки момент, но Европската унија ја манифестираше својата отпорност, секогаш наоѓајќи ја силата во единството. Изградбата на единството меѓу сите земји членки ќе биде мој главен приоритет кога ќе ја преземам функцијата во декември, истакна Кошта.

Тој додаде и дека ќе се фокусира на поставување на усвоената Стратешка агенда на ЕУ на вистинскиот пат и упати благодарност до Португалија и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса за поддршката за добивање на овој мандат.

Фон дер Лајен, исто така, изрази благодарност до лидерите на ЕУ за нејзината номинација за втор мандат како претседателка на Европската комисија.

– Почестена сум и воодушевена што овој специјален момент можам да го споделам со мојот драг пријател Антонио Кошта, но исто така и со мојата драга пријателка Каја Калас, која ќе биде и потпретседателка на Европската комисија, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека сега очекува Европскиот парламент да го потврди нејзиниот избор, откако таа претходно пред европратениците ќе ги презентира своите политички насоки за следните пет години.

Изразувајќи благодарност за нејзината номинација за висока претставничка, Калас рече дека тоа за неа претставува огромна одговорност во време на геополитички тензии.

– Има војна во Европа и растечка нестабилност на глобално ниво, кои претставуваат главен предизвик за европската надворешна политика. Моја цел е да работам на европското единство, заштита на европските интереси и вредности во геополитички контекст и на изградба на партнерства кои се многу важни во ова време, истакна Калас, додавајќи дека е подготвена да соработува и со земјите членки и со европските институции.

Таа изрази задоволство што ќе може да соработува со Фон дер Лајен и со Кошта, со кои, како што нагласи, ќе претставуваат одличен тим во остварување на целите на Европската унија.

– Многу сум почестена и благодарна. Ова не е чест само за мене, туку исто така и за Естонија, која е членка на ЕУ 20 години, потенцира Калас.

Изборот на тројцата врвни функционери во Унијата беше извршен врз основа на договорот постигнат меѓу трите партиски групации од т.н. „проевропско“ мнозинство во Европарламентот, Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“.

Според дипломатски извори, италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претходно изрази несогласување со договорот за распределба на највисоките позиции во ЕУ, се воздржала од гласањето за кандидатурата на Фон дер Лајен, а се изјаснила „против“ изборот на Кошта и Калас.

Во објава на Икс, Мелони оцени дека ваквиот договор е „погрешен по методологијата и суштината“, додавајќи дека гласала на начинот на кој што гласала „од почит кон граѓаните и индициите што го добила од тие граѓани за време на изборите“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој договорот го оцени како срамен, пак гласал „за“ изборот на Кошта, „против“ номинацијата на Фон дер Лајен и се воздржал од гласање за кандидатурата на Калас.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕКЕУСовет на ЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ