Сè повеќе стануваме несензибилни и недоволно зборуваме за родово базирано и семејно насилство, вели Стојна Митева од Скај плус Струмица, на панелот на ЦИВИЛ „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“.
„Жените жртвите кои решиле да пријават, веќе во второто рочиште им се менува изјавата. Пред некој ден присустував на трибина на средношколци за сексуално вознемирување, во која се презентираа резултатите од анкетата која беше спроведена помеѓу средношколците, бев запрепастена од бројката колку децата ги испомешаа поимите, но не се виновни тие, за тоа се виновни професорите, ние, бидејќи недоволно ги информираме младите. Според анкетата чукањето по задник на девојките е нормална појава, исто така и сексизмот. Како општество треба уште многу да работиме да се сензибилираме и институциите да бидат малку побудни“, вели Митева.
Таа нагласи дека не треба да се молчи на родово базираното насилство, бидејќи тоа не е приватна работа, туку општествен проблем.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски