Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, побара помош од Министерството за одбрана на прес конференцијата што ја одржа денеска. Тој побара 25 припадници на Армијата на РСМ да се вклучат во контролата на безбедносните мерки на територија на Општина Кавадарци.
Ова не е новитет. Во други општини со зголемен број на заболени од корона вирусот Армијата веќе помага. Сепак, ваквиот начин на преземање безбедносни мерки му пречи на сопартиецот на Јанчев, Илија Димовски.
Прес конференција на градоначалникот на Кавадарци 13.04.2020
Gepostet von КТВ-телевизија am Montag, 13. April 2020
Димовски на твитер напиша дека АРМ може да превземе чување на граница, стратешки објекти, државни згради, но да воведува ред пред маркети и банки е надвор од здравиот разум.
„Нема да коментирам повеќе, но Уставот можете да го заборавите и така пола повеќе не го сакаат, а другата половина не го почитуваат“, пишува Димовски.
АРМ може да превземе чување на граница, стратешки објекти, државни згради,
но да воведува ред пред маркети и банки е надвор од здравиот разум.Нема да коментирам повеќе,
но Уставот можете да го заборавите и така пола повеќе не го сакаат, а другата половина не го почитуваат.— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) April 13, 2020