Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека како партија воопшто не се „против“ вметнувањето на Бугарите во Уставот или на која било друга етничка заедница. Но, набрзо потоа, излезе со објава на Фејсбук во која се дообјасуваше со јавноста дека бил погрешно интерпретиран во медиумите.
Неговата изјава предизвика бројни реакции во јавноста. Некои изjавата ја протолкува како промена на ставот во ВМРО-ДПМНЕ за недавање поддршка за вметнувањето на Бугарите во Уставот, и дека во опозициската партија постои разногласие по ова прашање.
Од СДСМ сметаат дека Мицевски е еден од пратениците кои му вртат грб на Мицкоски, и дека со ова Продолжува расколот во ВМРО-ДПМНЕ.
После Данела Арсовска и Никола Мицевски му го сврте грбот на Христијан Мицкоски. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со спротивен став од Мицкоски и радикален пресврт на ставовите. Изјавата на Никола Мицевски дека ВМРО-ДПМНЕ не се против промена на Уставот и внесување на Бугарите, како и другите делови на народи, значи радикално спротивставување на деструктивните политики на Мицкоски. Дали има некој на кормилото на бродот кој тоне? прашуваат од СДСМ.
И потпретседателот на СДСМ, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, се огласи на Фејсбук со низа прашања за Мицевски и ВМРО ДПМНЕ.
Дали Мицевски е првиот пратеник од ДПМНЕ кој ќе гласа за Уставни измени !?Дали како координатор на пратеничката група има повеќе пратеници истомисленици со себе !?Дали пратеникот и координатор Мицевски е дел од Европското крило во ДПМНЕ !?Ќе се демократизира ли партијата конечно и ќе почне ли да ги почитува различните мислења како на координаторот-пратеник Мицевски и градоначалничката Арсовска !?, запраша Богоев на Фејсбук.
Поради ова, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на Фејсбук напиша дека уставни измени нема да има и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот,.
Најостро и најкатегорично ја отфрлам грубата манипулција и извртување на вистината која што одредени портали пред малку ја пласираа во јавноста, напиша Мицевски.
Копрдинаторот на ПГ на ВМРО ДПМНЕ во објавата објаснува дека во ова интервју многу јасно се гледа кои се неговите одговори на новинарските прашања, и многу јасно се гледа и слуша дека тие целосно се извадени од контекст и пренесени во јавноста, со делумно изменета и скратена содржина.
Д.Мишев