• Latest

Мицко против Мицкоски

June 18, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицко против Мицкоски

June 18, 2023 16:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ЧУПЕСКА

Оние кои лажат дека го штитат македонскиот идентитет, од наводен бугарски диктат. Тие, исто така лажат дека Преговарачката рамка е бугарски моделирана рамка. Истите тие, се уште на пресови тврат дека Преспанскиот договор не и донел ништо добро на земјава, туку напротив, донел корупција и криминал – господе боже, каква безочна лага? Дали не ги гледаат придобивките од Преспанскиот, или не им се допаѓаат? Еве, јасно да биде: најдиректната придобивката од Преспа е членство на РСМ во НАТО.

Зошто лажете бе, толку ли е тешко да ја изговорите вистината? НАТО ли не го гледате? Или, несакате да го видите?  Можеби, не Ви се допаѓа и не сте најсреќни со нашето членство во НАТО?

Но, и тоа не е страшно, секој има право на сопствено мислење – но, кажете го тоа јасно и гласно, за да може да Ве разбереме. Вака, сомнително е сè што се случува во најголемата опозициска партија – која по сила на Устав има особена одговорност за демократска активност во секоја една парламентарна демократија – па дури и во нашата!

И бидејќи не постои разумно и логично објаснување за потезите кои ги преземате, почнувам да стравувам дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ е окупирана од дијаболични ликови кои како да имаат зла тендеција да го истрошат политички Мицко Војводата и намерно го туркаат во лузерај. Следствено, да се запраша човек, кој би можел да има такви амбиции?

Во последниов период со намера суштински да го разберам политичкото дејствување на ВМРО ДПМНЕ околу клучните приоритети на државата, редовно почнав да ги следам пресовите и дебатите. И освен што повторуваат 3 едни исти тези – бугарски диктат, немате мнозинство и има криминал, ништо друго не прават. Се навратив наназад, и сега дозволете да споделам со Вас една екстремно индикативна колумна на Бранко Героски од 2010 година објавена на порталот ОКНО под наслов “Кој јазик го браните, министре Милошоски?.”.. https://okno.mk/node/8339

Малку се подисплашив, мора да признаам, ама па од друга страна ми се отворија и перспективите за толкување. Потоа се обидов и да ги пронајдам одговорите на посочениот, но не ги најдов. Се на се, поентата е дека овие прашања на Геро, ми поставија дополнителни дилеми во врска со толку очигледното антибугарското расположение во ДПМНЕ?

Мислам, луѓе мои: која е оваа конрадикторност на сцената?!

Па сите знаеме дека господинот е сеу ште особено влијателен врз Мицко а и генерално во ДПМПНЕ, ако не е и главен креатор на актуелните нивни политики, и секако се уште најгласен во “демек одбраната на македонскиот јазик, македонскиот идентитет” итн, Затоа и се плашам дека Мицко е малку заплеткан во пајакова мрежа, сплетена од некои негови блиски соработници.

Па сега, што ни преостанува? После се? После сите неконзистентности, идеолошки, политички, безбедносни, демократски и човечки, на крајот на денот?!

Дито и Родригез, кои се занимааат со социјалната психологија на популизмот, кај “Оштетените луѓе” (и групи) забележале зголемена тенденција минатите неправди да ги третираат како оправдувачки и легитимно морално засновани за релативизација на идни неморални и недемократски пракси, па дури и неморални одмазди. Оштетените, во вмровската приказна се “македонците” кои претпеле траума во контекст на меѓународните текови, историја и тралалајки од најразличен вид. Кукање, плачење, и ретрауматизација на македонците како да е единствената нивна песна – која со ама баш ништо не му помага на “напатениот и вековно обесправен македонски народ”, и затоа тој мора да се одмазди со недемократските методи и анти-нато-зликовци и антиеу пропаганда.

Стварно, плитко – a ла тепсија, a реално ни се презентира.

Но, другарчиња, замката тука е дека, со текот на времето, ваквите популистички политички стратегии засновани на кукање, плачење и консеквентна одмазда, имаат тенденција да го ескалираат конфликтот преку создавање на зголемена толеранција и нормализација на се она што се смета како неморално однесување! Тука е кваката! А, со тоа оди и зголемување на веројатноста за морално сомнително однесување и во иднина, и особено во предизвикување само-зајакнувачки циклус на непропорционално реагирање.

На пример како на 27-ми април!

Е за да не дојде до повторувачка и осакатувачка ескалација, (во случај на ЕУ дисоцијација, и Албанија напред, Македонија назад), стварно, ама најстварно, дајте ги тие работни групи и договорете се како понатаму. Па самите велите дека е криза. Решете ја!

Не заборавајте дпмнеовци, џабе ви е популизмот сосе илиберална и антидемократска пракса, кога не сте антиципирале дека во определени услови (како нашиве актуелни) ризиот од ескалација на конфликт е неговата следна станица. Избегнете ја- разговарајте!

Оттука, и јас навивам во ВМРО да победи “разумниот Мицкоски”, кој според својот бекраунд и професионален, и политички, не гледам дека би имал некоја посебна генеза за “навидум националистички калкулации” кои сериозно можат да и наштетат на државата, за разлика од оној Мицко Војводата – моделиран од Милошоски и неговиот оркестар, чие што минато ја проблематизира малку повеќе нивната наводна сегашност.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Либертас.
Tags: Ана ЧупескаМицкоскиНАТОпреспански договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ