„Остануваме цврсто посветена како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Владата високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ“, изјави Мицкоски.