• Latest

Мицкоски: Фокусот останува на ЕУ, на работата дома, на внатрешните реформи, но без дополнителни понижувања и отстапки

October 1, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Фокусот останува на ЕУ, на работата дома, на внатрешните реформи, но без дополнителни понижувања и отстапки

October 1, 2024 14:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата, на која даде отчет за сто дена од сработеното на новата извршна власт, се осврна и на издвојувањето на Албанија од земјава во процесот во евроинтегративниот процес,  напоменувајќи дека по ова прашање двете битни позиции се дека Владата никогаш нема да отстапи од полноправното членство во ЕУ, но и дека никогаш нема да направи нешто што е спротивно на националните интереси и стратешки определби на граѓаните.

Во своето обраќање во делот на забелешките, кои се упатувани кон Владата во овие сто дена, говорејќи за раскинувањето на пакетот Скопје-Тирана и закажување почеток на преговори со Албанија на 15 октомври, додека земјава се уште останува во чекалната на ЕУ, поради неусвојувањето на уставните измени, Мицкоски посочи Владата никогаш нема да направи ниту една остапка, која ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани.

-Ја уверувам македонската јавност за две работи. Како прво да веруваат дека оваа Влада нема да направи ништо спротивно на интересите на граѓаните, на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту една отстапка која ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани, без разлика, дали се тоа Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци или останати. Вие сте оние на кои им го должиме сето она кое што денеска го претставуваме. Вашиот интерес е наша заповед, а ние ќе фукционираме како ваши слуги. Втора работа, втора моја порака е дека како Влада никогаш нема да отстапиме од нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство од ЕУ и ако треба ќе разговараме со кого било и ако треба ќе разговараме колку и да е потребно за да дојдеме до договор и компромис, кој е достоен, кој нема да повторно да ги повреди чувствата на македонскиот народ, но и на останатите кои живеаат заедно со него, изјави Мицкоски.

Има напредок во реализацијата на автопатот од Кичево до Охрид, секојдневно се работи и очекувам првата половина од автопатот од селото Арбиново до Охрид, со исклучок на мал дел кај село Ботун

Тој смета дека и двете стратешки цели може да се реализираат и дека не се во конфликт една со друга.

За тоа што конкретно ќе преземе за продолжување на патот на евроинтеграциите, со одговор дека фокусот останува на ЕУ, на работата дома, на внатрешните реформи, но без дополнителни понижувања и отстапки. Додаде дека земјава има многу пријатели во европското семејство.

-Ќе мора да се навикнете на македонски политичари кои не коленичат, не виткаат кичма и додека го ограбуваат својот народ не потпишуваат договори на штета на својот народ и на своите граѓани. Мора да се навикнете на политичари кои се грижат за своите граѓани, кои работат за своите граѓани чесно и одговорно, без истите да ги понижуваат, ограбуваат. А фокусот на оваа Влада, како што кажав, останува кон ЕУ и исполнување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во рамките на ЕУ. Не сме сами, имаме многу пријатели, многу пријатели кои се дел од европското семејство. Продолжуваме да градиме пријателства коишто се дел од европското семејство. Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на некои од политичарите и земјите-членки на ЕУ и дека тоа е начинот и правиот пат, простете јас не сум добар соговорник. Со мене може да се разговара само врз основа на аргументи, рече Мицкоски.

Во врска со одбивањето од страна на Бугарија на посредништвото, кое го понуди унгарскиот премиер Виктор Орбан за приближувањето на ставовите Скопје-Софија, Мицкоски рече дека жали што соседната држава има таков став, но изрази подготвеност за натамошни разговори.

-Треба да се разговара, преговара, додека не се постигне решение и токму тоа го понуди мојот личен пријател и пријател на Македонија, господинот Виктор Орбан. Еве ние претседаваме со ЕУ, дојдете да седнеме да разговараме да помогнеме колку можеме, прифатив, покажав конструктивност, жалам што нашиот источен сосед не прифати, јас стојам на располагање, ќе прифатам, нека кажат каде, колку е потребно да разговараме со денови, со часови, се да ставиме на маса да го решиме ова еднаш засекогаш, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со изјавите на дел од неговите коалициски партнери од Вреди, односно вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, кој рече дека е уверен оти уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината, Мицкоски повторно направи паралела со Преспанскиот договор и го спомена принципот „Pacta sund servanda“, кој смета дека треба да важи и за Договорот во добрососедство, каде нема одредба за уставни измени како услов. Повтори и дека како и во однос на првиот договор, така и во во случајот со Бугарија, уставните измени треба да станат ефективни откако Софија ќе го ратификува претпристапниот протокол за членство во Унијата.

Премиерот рече и дека во владината коалиција се разговара за сите теми, па така и за процесот на евроинтеграција и оти имаат конструктивна дискусија.

Фото: Влада/МИА архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ