• Latest

Мицкоски нема да ја разреши Божиновска оти била „поголема Македонка од сите“, министерката се правда дека има само чешко и македонско државјанство

October 31, 2024
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Мицкоски нема да ја разреши Божиновска оти била „поголема Македонка од сите“, министерката се правда дека има само чешко и македонско државјанство

October 31, 2024 14:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за енергетка Сања Божиновска тврди дека поседува само македонско и чешко државјанство и дека во моментот нема важечка бугарска патна исправа и документ за идентификација. Во соопштението испратено од Министерството за енергетика се наведува дека Божиновска на 14 септември минатата година побарала отпуст од бугарското државјанство.

– За жал, одредени актери од Бугарија, на кои не им е во интерес градењето на добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија со цел надминување на пречките за нашето членство во Европската Унија, наместо култура на дијалог, ја злоупотребуваат ситуацијата. Државјанството кое го поседувала во минатото е земено од економски причини како што тоа го направиле многу македонски граѓани, а не како што некои актери сега сакаат да ја извртат вистината дека станува збор за национални причини, се наведува во соопштението испратено до МИА.

Бугарски БГНЕС објави дека во октомври 2004 година Божиновска своерачно потпишала дека има бугарско потекло при апликацијата за бугарско државјанство. Бугарската агенција објави и документ за кој тврди дека е декларација потпишана од Божиновска.

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети на лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кога беше присутна претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во однос на францускиот предлог, односно таканаречениот бугарски диктат и на променетиот став на власта денеска. Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката Сања Божиновска затоа што ја излажа јавноста за нејзиното бугарско државјанство.

„Меѓутоа прашањето ми е дали при составот на владата, при разговорите што сте ги имале со кандидатите, бевте информирани за една ваква ситуација и можеби начелото: Прво Бугарите во Владата, па после во Уставот ќе вроди со плод и тоа е начинот на којшто ќе дојдете до промена на Уставот, нели новиот план што го претставивте и во изборната кампања и на изборите. Еднаш Божиновска велеше дека нема бугарско државајнство, потоа дека адвокати биле одговорни, за да излезе документ, потпишан од неа дека има бугарска самосвест. Еве го тој документ. Она што сега во јавноста кружи сакам да ве прашам дали ќе се побара одговорност од министерката Сања Божиновска?, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во прашањето упатено до премиерот Мицкоски.

Мицкоски одговори дека Божиновска е професионалец со исклучително квалитетни позиции во минатото.

-Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија. Затоа што тоа што го она го има на професионален план во енергетиката направено, вие не можете  ниту да го сонувате, а камо ли да се приближите. Нејзината биографија и нејзините постигнувања се нешто за кое што барем можевте да излезете овде и да кажете „секоја чест за стручноста и за личните постигнувања“. Сега се доведуваме во ситуација да е грев ако сме успешни, рече Мицкоски.

Тој напомена дека овие изјави кои се пласираат во јавноста немаат поврзаност со секторот што го води министерката Божиновска.

-И сега се доведуваме во ситуација да зборуваме работи кои што навистина немаат никаква поврзаност, ниту пак јавноста ја интересира, ниту пак има некаква врска со тоа што го води Сања. Јас ќе ви кажам бидејќи ја знам долго време, од 2012 година се знаеме, верувајте ми, за нејзе знаеја светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Додека, ние имавме политичари во македонската влада кои што имаа проблем со патот до Врање, додаде Мицкоски.

Тој обраќајќи се кон пратеникот Оливер Спасовски, рече дека Сања Божиновска е поголема Македонка и притоа го обвини дека тоа што тој како министер го направил во Министерството за внатрешни работи е „најлошиот дебакл што се случил во државата“.

-Ние наместо да сме горди, среќни што имаме професионалец, човек кој што има исклучително квалитетни позиции во минатото, луѓе конекции кои што можат да бидат додадена вредност, ние сега измислуваме приказни кои што апсолутно немаат никаква врска ниту со енергетиката, ниту со рударството ниту со минералните суровини. Тоа е исто како сега јас да ве напаѓам вас за нешто кое што нема никаква врска со тоа што дававте пасоши на белосветски криминалци. Јас ви гарантирам дека Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно. Нема поголема Македонка. Јас ова ви го кажувам и потврдувам, рече Мицкоски.

Оливер Спасовски откако посочи дека е незадоволен од одговорот на премиерот Мицкоски, ја подели декларацијата на Мицкоски и на пратениците, којашто Сања Божиновска ја има потпишано на 21.10.2004 година, а со која изјавува дека има бугарска самосвест.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска неодамна призна дека во 2004 година зела бугарско државјанство од економски причини.

Денеска бугарската новинска агенција БГНЕС ја објави декларацијата на којашто се гледа потписот на министерката.

Иако станува збор за стандардна формулација која им се дели на сите баратели на бугарски документи, БГНЕС забележува дека потписот на Божиновска е ставен во 2004 година, односно три години пред Бугарија да стане полноправна членка на ЕУ.

-Изјавувам дека имам бугарска национална свест и сум со бугарско потекло исто како татко ми Перо Божиновски, родум од Куманово и мајка ми Виолета Божиновска, родум од Скопје, држава Македонија кои се Бугари. За невистинитите изјави свесна сум за одговорноста по член 313 став 3 од Кривичниот законик и последиците од член 22 од Законот за бугарско државјанство, се вели во декларацијата.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ