„Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите, а и на овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот“, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на гостување во телевизија АлсатМ.
Тој истакна дека дека тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи.
„Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ, рече Мицкоски.
Нагласи дека ДУИ не може да се однесува дека ова е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите.
Н. А.