• Latest

Мицкоски: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и инструменти за трансформација на општеството

November 22, 2024

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и инструменти за трансформација на општеството

November 22, 2024 13:52
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во нашата држава, образованието и писменоста не се само индивидуални потреби туку и колективна одговорност. Тие се клучни за економскиот развој, за градење праведно и инклузивно општество и за зацврстување на демократијата, истакна во обраќањето претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на свечена академија по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

Тој напомена дека само писмени и образувани граѓани може да учествуваат во општествениот живот и да носат информирани одлуки и да придонесуваат за просперитетот на нацијата.

Зборувајќи за Битолскиот конгрес одржан во 1908 година, премиерот Мицкоски посочи дека група интелектуалци со мудрост и единство донеле одлука, која како што рече ќе го трасира патот кон иднината, создавањето на единствена и стандардизирана азбука.

– Оваа одлука не беше само лингвистичка, тоа беше акт на создавање на иднина на културно обележје, рече Мицкоски.

Премерот посочи дека наша заедничка обврска е да градиме општество во кое секој граѓанин, независно од етничката или јазична припадност, ќе се чувствува рамноправен и ќе има можност да го даде својот придонес за заедничкото добро.

– Во овој дух, албанската азбука е потсетник како писменоста и образованието мостови помеѓу луѓето, не темите кои нè разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години се криеја зад народот кого го крадеа јасното фокусирање кон приоритетите, кон јасните приоритети, реалните потреби за образование, економија и напредок ни помагаат да ги надминеме, рече Мицкоски во обраќањето.

Тој зборуваше и за важноста на писменоста и образованието и ги оцени како основата на нашиот индивидуален и колективен развој.

– Писменоста не е само учење на буквите и бројките, таа е мост што не поврзува со нашата култура, историја и со светот што нè опкружува. Образованието пак ја надоградува писменоста и ни овозможува целиот спектар на можности што ни стојат на располагање, рече Мицкоски.

Првиот човек на Владата напомена дека во земјава, образованието и писменоста не се само индивидуални потреби туку и колективна одговорност, а дека писмени и образувани граѓани може да учествуваат во општествениот живот и да придонесуваат за просперитетот на нацијата.

– Писменоста и образованието не се луксуз тие се основни права и најможно инструменти за трансформација на нашето општество. Нивната важност не може да се измери со бројки, но нивното влијание се гледа во подобриот живот на секој поединец и напредокот на целата заедница. Да вложуваме во писменоста да ги отвораме вратите на писменоста за сите. Да создаваме општество во кое знаењето ќе биде најсилната валута. Само така можеме да изградиме држава што ќе биде подготвена за иднината, порача премиерот Мицкоски.

Фото/Видео: Влада

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ