• Latest

Мицкоски: Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност

May 7, 2025
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мицкоски: Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност

May 7, 2025 11:23
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај.

Мицкоски упати честитка до сите полициски припадници за нивната посветеност и храброст, испраќајќи порака дека во државата нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност.

– Имаше време кога институциите се користеа за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ беа погласни од законот. Тоа време е завршено. Сакам денес јавно и гласно да кажам дека во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите, без разлика дали станува збор за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен. Силата на државата не се мери со привилегиите на поединците, туку со тоа дали правдата стигнала до сите, до најмоќните и до најмаргинализираните, порача Мицкоски на свеченоста во Центарот за обука на МВР.

Претседателот на Владата истакна дека борбата со криминалот и корупцијата мора да се води со целосна посветеност и чисти раце.

– Денес испраќаме силна порака дека нема компромис со криминалот. Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред. Одлучни сме, како Влада, како институции, но пред сè како општество – дека оваа борба мора да се води со целосна посветеност, со вистински партнери и со чисти раце. Велат правдата може да биде бавна, но никогаш не треба да биде слепа. Наша задача е да и ги отвориме очите – преку професионална, етичка и непоткуплива полиција. Полиција која ќе го гони криминалот, без оглед на тоа дали стои зад маска, позиција или пари, рече Мицкоски.

Оддаде почит кон припадниците на полицијата кои својата храброст ја покажуваат секој ден преку својата работа, но и кон оние кои го изгубиле животот вршејќи ја нивната службена должност.

– Храброста на нашите полицајци се покажува секој ден, во секоја интервенција и патрола, во секоја жртва дадена за да останеме сигурни. Не можеме, а да не се поклониме пред споменот на оние кои својата работа ја запечатија со животот. Нивните имиња се врежани во историјата, но нивните дела живеат во секој наш безбеден ден. Да не заборавиме, зад секоја значка стои семејство кое чека, се моли и се надева дека нивниот најблизок ќе се врати дома, рече Мицкоски.

И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитки до сите полициски службеници ширум државата, истакнувајќи ја нивната клучна улога во обезбедувањето на јавната безбедност. Министерот ја потенцираше сложеноста на современиот безбедносен контекст и предизвиците со кои се соочува полицијата.

– Овој ден е посветен на вас, на сите полициски службеници ширум Македонија, на луѓето кои секојдневно професионално се грижат за безбедноста на граѓаните, порача министерот, нагласувајќи дека да се биде полицаец не значи само носење униформа, туку и посветеност на заштитата на татковината … Современиот безбедносен контекст е сложен, се соочуваме со големи предизвици и нашата улога денеска е поодговорна од кога било, истакна тој, додавајќи дека Министерството за внатрешни работи активно соработува со бројни европски и регионални партнери.

Фото: Влада на Република Северна Македонија

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ