– Се чувствувам добро и не сум повреден, изјавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, после сообраќајната незгода што ја доживеал на пат кон настанот во Прилеп, јавува ТВ Телма.
Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката.
Возило удрило странично во автомобилот во кој се превезувал Мицкоски.