• Latest
Ова не е монтажа, туку е скриншот од видео објавено на социјалните мрежи

Мицковски заборава: Граѓаните повеќе пати изгласаа промена на таквите како него

October 4, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Мицковски заборава: Граѓаните повеќе пати изгласаа промена на таквите како него

October 4, 2023 08:44
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Ова не е монтажа, туку е скриншот од видео објавено на социјалните мрежи

Ова не е монтажа, туку е скриншот од видео објавено на социјалните мрежи

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицковски тргна во акција! Важно е, вели, од тебе зависат промените. И реди црнила, како и вообичаено. Сите се на колена, мака, смрт, криминалци, измамници… Трагедија.

И бара 61 пратеник, небаре изборите се утре. Неговото барање звучи како ехо на предизборните пораки во минатото. Со таа разлика што изборите се далеку. Но не и за Мицковски – тој живее со предизборна треска веќе седум години.

Овој политички „Магелан“ открива дека промените зависат од луѓето. „Важно е“ и „промени“ се клучните зборови во неговата порака.

Но во сета своја егзалтација, Мицковски заборава нешто многу важно: Граѓаните повеќе пати изгласаа промена на таквите како него.

Со други зборови, овој политичар не застанува пред ништо, обземен од амбицијата да седне на тронот на власта. Живее во некој сопствен свет, во кој сѐ е мрачно, а „месија“ може да биде тој и само тој.

И сето тоа, со неговата нова „акција“ и невротично повторување дека нешто е „важно“ е толку лошо изведено, што веќе не е ни смешно, туку станува некако – жално.

 

1 of 4
- +

Мицковски „заборава“ уште еден важен факт. На луѓето им се потребни демократија, безбедност и членство во ЕУ. Но тоа, не само што не му е важно на Мицковски и компанија, туку се токму состојбите на општеството и државата против кои тој се бори со сите сили и средства што им се ставени на располагање. Стремежите за демократија, безбедност и членство во ЕУ ја прават нивната појава – бесмислена. Најблаго речено. Запад за нив е мрак, нивните погледи се свртени на спротивната страна од светот.

Качен на платото на сопственото его, копјаникот Мицковски јава на штрбавиот коњ во поход да одбрани нешто што веќе е одбрането, заштитено и запечатено – македонските национални интереси.

Што прави Мицковски, заедно со масивната антидемократска и антизападна машинерија зад него?

Го храни национализмот и внесува раздор. Стравот и омразата се неговата муниција со кои тој, преку влијанието во медиумите (почнувајќи од јавниот сервис МРТВ), деноноќно ја бомбардира македонската јавност. Зад сите големи зборови и патетика што ги употребува овој радикален политичар, не е тешко да се забележи неговата лична амбиција.

Тој не е сам. Но далеку е од спокоен. Опкружен е со ликови кои му се многу слични. И онака како што се обиде да му зарие нож на својот креатор и ментор, бегалецот од правдата во Будимпешта, и зад неговиот грб се острат ножеви. Такви се тие структури, нема ништо чудно во тоа.

Нему и на неговите компањони не им се важни јавните интереси, туку можноста да ја зграпчат власта и да се збогатат. Ништо повеќе. Сепак, колку и да се трудат, тие не можат да ги прикријат неспособноста, фрустрациите и комплексите. Користат сѐ што е дозволено и недозволено во политиката и јавната комуникација, поаѓајќи од личните интереси. Нивната „важна мисија“ завршува каде што и започнува – жед за пари и моќ.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: амбицијајавен интересМицкоскипропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ