• Latest

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна Македонија „ерга омнес“, а прашањето ќе го покрене и на НАТО Самитот

June 2, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна Македонија „ерга омнес“, а прашањето ќе го покрене и на НАТО Самитот

June 2, 2024 12:18
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам од мандатарот за премиер на Северна Македонија јавно, на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и во внатрешната и во надворешната употреба, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој посочи дека конкретното прашање ќе го покрене и на претстојниот НАТО Самит, но и оцени дека сепак во Скопје ќе преовлада логиката

На денешната прес-конференција што се одржува на островот Крит, во пресрет на европските избори на 9 јуни, Мицотакис одговори на низа прашања од новинарите, меѓу кои и за односите со нашата земја и почитувањето на Договорот од Преспа.

Грчкиот премиер рече дека во моментов констатираат дека „намерата на ВМРО е во пракса да го оспори едното и единствено име за сите“ и истакна дека „Грција нема да го прифати ова“.

Во однос на тоа дали конкретното прашање ќе го покрене на НАТО Самитот во Вашингтон во првата половина на јули, Мицотакис одговори позитивно и посочи дека „ќе биде прва можност да се најде на ист форум со новиот премиер на Северна Македонија“.

-Секако дека ќе го покренам прашањето на Самитот на НАТО за 75-годишнината од формирањето на Алијансата. И навистина би го охрабрил раководството на Скопје да не го стави во опасност европскиот тек, кој нашата земја го има поддржано, кој мислам дека и самите граѓани го посакуваат. Да сфатат дека изборите поминаа, дека популизмот во надворешната политика можеби е привлечен за привлекување гласови, но не го издржува водењето на сериозна надворешна политика кога некој официјално ги презема должностите. Верувам дека на крајот ќе преовладее логиката и ќе постои препознавање на она што се подразбира во Договорот, кој за нас има негативни работи, но една од важните димензии е токму едното и единствено сложено име за сите и ова не може во пракса да се оспори од никој, истакна Мицотакис на прес-конференцијата, пренесе МИА.

Уште еднаш повтори дека тие ќе бараат апсолутно усогласување за ова прашање, за кое рече дека се на иста линија и со ЕУ и САД.

-Да потенцирам дека не сме сами. Европската комисија го кажува токму истото, САД го кажуваат истото. Па така Грција не е изолирана, Скопје е изолирано, следејќи ја оваа политика и затоа мислам дека на крај ќе преовладее логиката, а Северна Македонија ќе се врати на тешкиот пат на усогласување со европските критериуми и доколку го стори ова, Грција ќе биде прва што ќе го поддржи овој напор, посочи Мицотакис.

На 90-минутната прес-конференција на Крит, грчкиот премиер одговараше на прашања поврзани како со внатрешната, така и со надворешната политика на земјата.

Tags: Киријакос МицотакисНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ