• Latest

Мицотакис: Рускиот напад врз Украина ја става светската заедница пред нејзините одговорности

February 24, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицотакис: Рускиот напад врз Украина ја става светската заедница пред нејзините одговорности

February 24, 2022 12:31
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нападот на Русија врз Украина, на драматичен начин ја става светската заедница пред нејзините одговорности, бидејќи во украинската криза многу работи се на тест: границите на меѓународното право, валидноста на договорите, но и самото право на државите да живеат слободно, но и многу работи се под закана од геополитичката стабилност во Европа до меѓународниот енергетски биланс, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на почетокот од вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност, пренесува МИА.

Мицотакис истакна дека светската заедница има можност да им се спротивстави на моќта на оружјето и на оспорувањето на границите и меѓународните договори и го повтори принципот на Грција, дека ги почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на сите земји и дека ги осудува „ревизионистичките дејствија“ што се спротивни на тие принципи, но „уште повеќе го осудува бруталното насилство“.

-Затоа, како член на Европската Унија и НАТО се координираме со нашите партнери за нашата реакција да биде, не само заедничка, туку и соодветна на досега невидената руска провокација, рече Мицотакис, додавајќи дека нивното внимание е насочено и кон грчката заедница што живее во Украина, особено во регионот на Мариупол.

На денешниот  вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност присуствуваше и министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас, а грчкиот премиер истакна дека Владата се прилагодува на новонастанатата ситуација и на национално ниво ја има обезбедена потребната енергија и се разгледуваат сценарија „кои ќе вклучуваат што поголема апсорпција на менувањето на цените на енергијата“.

-Сепак, тоа е проблем, сепак, кој е европски и затоа бара европско решение. А тоа може да значи дури и европски финансиски алатки за справување со поскапувањата на цените на енергијата, се додека траат. И повторно ќе кажам дека сите овие случувања уште повеќе ја истакнуваат потребата од суштинска европска стратешка автономија, рече Мицотакис.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ