• Latest

Мицотакис: Скопје нема да се вика Република Македонија

May 4, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицотакис: Скопје нема да се вика Република Македонија

May 4, 2018 15:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со уставна промена, за да се обезбеди ерга омнес, Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во однос на тоа како би можело да се гарантира дека новото име би било и за внатрешна и за надворешна употреба.

– Со уставна промена може да се обезбеди ерга омнес, со официјална промена на името на Скопје и за внатрешна и за надворешна употреба. Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, според она за што ќе постои договор. Тоа ќе биде име што ќе се однесува и за внатрешноста и за надворешноста, вели Кирјакос Мицотакис во интервјуто за три солунски радија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Нова демократија, уште еднаш го повтори неговиот став дека грчката влада, разговорите за името ги отворила на погрешен начин, бидејќи требало да се отворат со една национална линија.

– Ние уште од прв момент ја наметнавме правилната национална линија во земјата, таа е дека не можеме да одиме напред кон било каков разговор за прашањето за името на Скопје, ако прво нема справување со иредентизмот и уставна промена. Овие се неопходни предуслови за да се продолжи кон дополнителен разговор. Она што секогаш го нарекувавме ерга омнес, една употреба на името и за внатрешноста и за надворешноста за што предуслов е храбра уставна промена од страна на Скопје. Не само за да имаме правни гаранции, туку на овој начин би било комплетно јасно дека постои силно мнозинство и во соседната земја, која признава дека оваа позиција е правилна, рече Мицотакис во интервјуто за радијата Фокус ФМ, ФМ100 и Радио Солун.

Претседателот на најголемата грчка партија, не испушти уште еднаш да го спомене она што го кажува речиси во сите интервјуа, дека нема да прифати „да ги поделиме Грците за да ги обединиме Скопјаните“.

Tags: ерга омнесКиријакос МицотакисНова демократијаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ