Надежната хостинг компанија која започна со работа на први септември 2006 година деновиве го прослави својот тринаесетти роденден.
Денес секој трет .mk домен е регистриран токму преку МКхост. Вкупно, повеќе од 4.500 активни задоволни корисници на хостинзи и домени го прават МКхост најголемо онлајн семејство во земјава.
„Со задоволство можеме да кажеме дека МКхост помогна на многу индивидуи и бизниси да го прошират своето присуство онлајн, и со тоа да учествуваат во градењето и развивањето на македонската интернет индустрија“, велат од компанијата.
Денес МКхост е изграден стабилен тим со повеќе од 10 луѓе кои активно партиципираат во полето на техничката поддршка.