• Latest

МКСЈ престанува да постои, 24 години по основањето

November 29, 2017

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

МКСЈ престанува да постои, 24 години по основањето

November 29, 2017 21:35
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) со денешното изрекување на пресудата во предметот „Прлиќ и останатите“ завршува со работа, 24 години по основањето.

Вратата официјално ќе се затвори на церемонија кон крајот на декември во Хаг.

Со згаснувањето на МКСЈ, неговите нерешени случаи ќе ги преземе Механизмот за меѓународни кривични судови (ММКС).

ММКС ќе води жалбени постапки за поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ и поранешниот командант на армијата на босанските Срби генерал Ратко Младиќ, чија одбрана најави жалба, како и за водачот на српските радикали, Војсилав Шешељ, кој во Хаг беше ослободен од одговорност за злосторства во Хрватска и БиХ, како и против војводински Хрвати. Обвинителството се жалеше на неговата ослободителна пресуда.

Во март, Караџиќ беше осуден на 40 години затвор, а Младиќ минатата недела беше осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото ширум БиХ, повеќегодишно тероризирање на Сараево и земање заложници од редовите на ООН.

Пред ММКС, исто така, ќе се води повторено судење за водачите на српската државна безбедносна служба, Јовиќ Станишиќ и Франко Симатовиќ, кои беа ослободени во 2013 година од обвиненијата за злосторства во Хрватска и БиХ, но Жалбениот совет ја поништи пресудата и нареди повторување на судењето.

Прв суд на ОН после нинбершкиот и токискиот

МКСЈ беше првиот Трибунал на ОН за воени злосторства што го основаше ОН по судењето на нирнбершкиот и токискиот процес, на кои се судеше за нацистички и јапонски злосторства во Втората светска војна. Беше основан од страна на Советот за безбедност на ОН во мај 1993 година, како одговор на масовните злосторства извршени во Хрватска и БиХ во раните 1990-ти.

Првото обвинение судот го поднесе против Драган Николиќ, командант на логорот Сушица во источна Босна и Херцеговина, а во мај 1996 година почна и првото судење во Хашкиот суд – на босанскиот Србин Душко Тадиќ, обвинет за злосторства извршени во логорот Омарска во 1992 година, каде беа заробени илјадници босански муслимани и Хрвати.

Првата пресуда беше против босанскиот Хрват Дражен Ердемовиќ, кој од редовите на војската на Република Српска учествуваше во ликвидациите по падот на енклавата Сребреница. Ердемовиќ, исто така, беше првиот човек во Хаг кој призна дека е виновен за злосторства.

Милошевиќ прв обвинет претседател

Хашкиот трибунал во 1999 година првпат поднесе обвинение и против актуелен претседател на држава. Во мај истата година, српскиот претседател Слободан Милошевиќ беше обвинет, прво за злосторства во Косово, а потоа и во Хрватска и во БиХ. Тој почина за време на судењето, на 14-ти март 2006 година, не доќекувајќи ја пресудата.

Неговото обвинение беше потпишано од тогашниот главен хашки обвинител Луиз Арбор. Канаѓанката, на таа функција го наследи Јужноафриканецот Ричард Голдстоун, а понеа, Канцеларијата на, главниот обвинител ја презеде Швајцарката Карла дел Понте. Во историјата, како последен хашки обвинител ќе влезе Белгиецот Серж Брамерц.

МКСЈ во 24 години обвини вкупно 161 лице, осудени се 84

Деветнаесет лица беа ослободени, меѓу кои и генералите Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач, како и босанските Хрвати Зоран Купрешкиќ, Мирјан Купрешкиќ, Влатко Купрешкиќ и Драган Папиќ.

Ослободени се и воените команданти на Армијата на БиХ Насер Ориќ и Сефер Халиловиќ, како и актуелниот косовски премиер Рамуш Харадинај. Хашкиот трибунал, исто така, го ослободи поранешниот началник на Генералштабот на војската на Југославија, Момчило Перишиќ.

Против 20 лица обвиненијата се повлечени, а против 17 лица постапката е прекината, бидејќи починале пред да пристигнат во Хаг или во текот на постапката.

Обвиненијата против 13 лица беа предадени на домашните судови на територијата на поранешна Југославија.

Шест доживотни казни за босански Срби

МКСЈ судеше за геноцид, злосторства против човештвото, прекршување на военото правот и обичаите и сериозни прекршувања на Женевската конвенција и донесоа цела низа пресуди, од кои најтешката казна доживотен затвор е изречената шест пати.

Минатата недела Ратко Младиќ беше осуден на таа казна, а пред него, за геноцид во Сребреница, исто на доживотна казна затвор се осудени и командантите во војската на босанските Срби, Здравко Толимир, Вујадин Поповиќ и Љубиша Беара. Генералот во армијата на босанските Срби, Станислав Галиќ, беше осуден на доживотен затвор поради повеќегодишно тероризирање на Сараево, и босанскиот Србин Милан Лукиќ за злосторствата во Вишеград.

Во случаите со 20 обвинети, пресудите биле резултат на признание на вината. Меѓу нив беа и поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, која беше осудена на 11 години за прогон на несрпско население во БиХ, лидерот на побунетите хрватски Срби Милан Бабиќ, кој доби 13 години за злосторства против човештвото во Хрватска, адмиралот на ЈНА Миодраг Јокиќм кој за нападите на Дубровник беше осуден на седум години затвор, како и босанскиот Хрват Ивица Рајиќ, кој призна злосторство над муслимани во градот Стопни дол и доби 12 години затвор.

МКСЈ донесе неколку пресуди за злосторства извршени во Хрватска – за болницата во Вуковар и Овчара (генералот на ЈНА Миле Мркшиќ беше осуден на 20 години, мајор Веселин Шљваванчанин на 10 години, а капетанот Мирослав Радиќ беше ослободен), за нападот на Дубровник (покрај Јокиќ, беше осуден и Павле Стругар на 7,5 години). За прогон и други злосторства против Хрватите на подрачјето на т.н. РСК, заедно со Бабиќ, беше осуден уште еден од водачите на побунетите хрватски Срби – Милан Мартиќ на 35 години затвор.

Без епилог поради смрт на обвинетиот, останаа предметите против Горан Хаџиќ, поранешен претседател на РСК, обвинет за прогон и други злосторства на окупираните територии на Хрватска, и против поранешниот градоначалник на Вуковар Славко Докмановиќ за злосторства поврзани со болницата во Вуковар, односно Овчара.

Пред МКСЈ се појавија вкупно 4650 сведоци кои сведочеа за злосторства направени од Хрватска и БиХ до Косово и Војводина. Се судеше вкупно 10,800 денови и сето тоа е запишано на 2,5 милиони страници транскрипти.

Досега 56 затвореници веќе ги издржаа казните, а 18 се уште се во затвор во земји со кои МКСЈ склучи договори.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: воени злосторстваМеѓународен кривичен суд за ЈугославијаМКСЈХагХашки Трибунал
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ