Младинскиот клуб од Велес на МОФ преку акцијата „Сите за парк- паркот за сите“ работеше на разубавување на велешкиот градски парк. Оваа група на млади ја подобри состојбата на 14 клупи за седење, од кои 3 беа целосно репарирани (поставени нови даски), а 2 м3 смет собра од површината на паркот.
Целта на оваа акција беше да се разубави неискористениот јавен простор, да се поврзе младата популација со уличната уметност, како и да пренесе порака дека младите, како и останатите граѓани на Велес, можат да придонесат за јавните површини преку креативност и проактивност. Акцијата ја спроведе Медиа/Арт клубот – Велес, како завршен настан на одржаните работилници за креативен и младински активизам во изминативе месеци. Членови на клубот се млади Велешани на возраст од 15-20 години.
Оваа акција која покрај подобрувањето на состојбата на клупите, опфати и собирање на отпадоци и смет во паркот. За акцијата имавме помош од Општина Велес, а истата се спроведде во склоп на проектот Fostering Youth Activism through Online Media, поддржан од National Endowment for Democracy.
Младинскиот клуб – Велес е место за млади луѓе кои сакаат неформално да стекнат знаења како креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност и тн. Предавањата во клубот ги држат млади луѓе со искуство во ова поле на дејствување. Во моментов постојат пет клубови на програмата Медиа/Арт на национално ниво, во: Куманово, Скопје, Тетово, Битола и Велес кои активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантни теми кои се од интерес на самите членови.