• Latest

Младите бегаат од корупцијата и од долговите што им ги оставаат во наследство!

February 16, 2016

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Младите бегаат од корупцијата и од долговите што им ги оставаат во наследство!

February 16, 2016 17:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот панел од “Граѓанската дебата за слободно општество и социјална правда”, беше на тема: “Преку социјална правда до подобра живејачка.”

Говорници во овој дел беа Душко Груевски од граѓанската организација “За нас се работи” од Битола, Дона Костуранова од Младинскиot образовен форум – МОФ, Јасминка Фришчиќ од Здружениеto за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Борјан Ѓузелов од Македонскиot центар за меѓународна соработка – МЦМС, Бранимир Јовановиќ, аналитичар, Абдулменаф Беџети, uниверзитетски професор и Петар Гошев,  поранешен гувернер, министер и пратеник.

Meѓу прашањата на кои панелистите од вториот дел на денешната дебата, дискутираа беа: Кои се критериумите за квалитетен живот и подобра живејачка? За што треба да се трошат јавните пари? Како да се избегнеме банкрот на државата? Како до нови и достоинствени работни места? Кои се обврските на државата во обезбедувањето социјална правда?

Граѓанска дебата

Претставникот на граѓанската организација “За нас се работи”, Душко Груевски зборуваше за тоа дека не е секоја личност граѓанин, и дека е многу тешко да се разбуди свеста за потребата од социјална правда, кај луѓе кои воопшто немаат свест. Груевски зборуваше и за 24-ти април, датумот кој во Договорот од Пржино е посочен како ден кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Неговиот став, кој ЦИВИЛ Медиа веќе го објави е дека “24 април 2016 е Цветници и е строг Велигденски пост? А згора на сето ова, утредента, понеделникот по Цветници, кога официјално ќе се соопштат резултатите, и ќе има победници и поразени, па ќе има зла крв, негодување, неправди, среќни и несреќни…, е денот кој во православната религија се се нарекува Страстен понеделник.”

Дона Костуранова од МОФ, зборуваше за младите како една од најмаргинализираните групи во државата. Според податоците со кои располага МОФ, 50% од младите никогаш не присуствувале на дебата, исто толкав процент, размислуваат како да ја напуштат Македонија, а најголемиот дел од нив сметаат дека при вработување, дипломата на родителите е поважна, од образованието на оној кој аплицира. Тоа што загрижува според Костуранова, е недовербата на младите во институциите, но и во граѓанскиот сектор.

Државата е активен субјект за исполнување на социјалната правда. Нејзините обврски се да го оспособи македонското законодавство според меѓународните стандарди и да го зголеми степенот на почитување на човековите права, смета Јасминка Фришчиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Борјан Ѓузелов од МЦМС, ја потенцираше важноста од спречувањето на корупцијата за обезбедување на социјална правда. И покрај високиот степен на корупција во Македонија, таа не се препознава како голем проблем, односно испитаниците од последното истражување за корупција на МЦМС, ја позиционираат на петто место. Ѓузелов препорачува дека граѓанското општество треба да влијае врз квалитетот на доброто управување, а граѓаните да се охрабрат да пријавуваат корупција. „Специјалното јавно обвинителство, има историска можност да направи позитивно влијание врз намалувањето на корупцијата“, смета Ѓузелов.

Петар Гошев зборуваше за јавниот што лажно се претставува од владејачката партија. Како што изјави и за ЦИВИЛ Медиа, Гошев смета дека јавниот долг е многу поголем од тоа што секојдневни се прикажува во медиумите, кои информациите што Владата ги презентира, ги прифаќаат како вистинити.

Дебатата беше во организација на коалицијата “Граѓаните за Македонија”. Присуствуваа претставници на голем број на граѓански организации од целата држава, заинтересирани граѓани, голем број на медиуми, поранешни и сегашни функционери, како и претставници на дел од политичките партии во Македонија.

Tags: јавен долгјавна дебатајавни паримладисоцијална правдаЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ