Креативната работилница „Обединети против насилството“ што ЦИВИЛ ја одржа во Тетово во соработка со Општина Тетово, СВР Тетово и основните и средните училишта помина во одлична атмосфера каде до младите теотвчани покажаа умешност и генијалност преку своите идеи и решенија во борбата против насилството.
„Да се работи со уметноста против злото, тоа е нејзината суштина. Тоа подразбира дека секое позитивно дело, секој позитивен чекор што ќе го направите во животот неутрализира нешто негативно што би можело да се случи во иднина. Денеска сите наидувате на говор на омраза, булизам, насилство, па недај боже и тероризам и други работи. Затоа треба од почеток да се фокусираме на позитивни работи. Ако ние позитивно размислуваме и дејствуваме нема да и место за негатвност во нас. Овие пријателства што ги склучувате на овој начин, треба да бидат примери за изградба на мостови што спојуваат“, изјави Ахмед Ќазими, Општина Тетово, во своето обраќање до младите тетовчани што беа дел од креативната работилница.
„Оваа работилница е уште еден доказ дека децата и младите знаат подобро од возрасните како птреба да се надминуваат проблемите. Овој заеднички настан е резултат на добрата соработка со училиштето домаќин, но со другите училишта и Опшитна Тетово, со СВР Тетово, Отсекот за превенција. Исто така имаме соработка и со граѓанките и граѓаните и со невладините организации на локално ниво. Сите заедно се обидуваме да испратиме порака против насилството, особено против насилниот екстремизам и во една превентивна форма да ги искористиме креативните пораки на младите за надминување на она што претставува капацитет за радикализација и насилен екстремизам“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, за медиумите за време на работилницата.
„Со денешната активност ние директно се зближуваме со младата популиација кои можеби се најголемата таргет група што во иднина би можеле да претставуваат проблематика што може да доведе до радикализирање… Секако во превенцијата не би успеале без вас, помалдата генерација и воопшто граѓаните затоа што со погоелма соработка и резултатите ќе бидат поголеми, што подразбира помалку несакани последици“, рече Кадри Хавзиу, самостоен испектро против криминални работи во СВР Тетово во своето обраќање.
На работилницата учествува 25 деца од повеќе средни и основни училишта во Тетово кои заеднички сликаа и пишуваа на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сето она што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.
Работилницата се одржа во ООУ „Лирија“, а беше проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Општина Тетово.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов