Министерството за надворешни работи на Република Косово донесе одлука да не им дава дозвола на официјални претставници од Белград да влезат на територијата на Косово.
Како што нагласи заменик министерот за надворешни работи Јетлир Зиберај, оваа одлука е донесена „по нападот и заканите на српската политика кон Косово“.
„Поради хибридните закани кои Србија ги упатува кон Косово, постојаните пропаганди и лажните вести за земјата и нашите граѓани, како и неодамнешните напори да се воспостави т.н. хуманитарна криза во северниот дел на Косово, која се заканува на српското население кое живее таму и принудувајќи ги да ги затворат своите фирми само поради политичките цели на Белград, Министерството за надворешни работи нема да му дозволи на ниту еден официјален претставник од Белград да го посети Косово и сите барања ќе бидат одбиени се додека продолжи таквото однесување“, изјави Зиберај.