• Latest

Украинското МНР ги демантира манипулативните објави во голем број странски медиуми за наводната подготвеност на Украина за отстапки кон агресорот

October 11, 2024
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинското МНР ги демантира манипулативните објави во голем број странски медиуми за наводната подготвеност на Украина за отстапки кон агресорот

October 11, 2024 14:48
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Украина ги демантира манипулативните изјави изразени од страна на голем број странски медиуми за наводна подготвеност на Украина да направи отстапки кон агресорот на сметка на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Ја нагласуваме неприфатливоста на ваквите отстапки.

Ваквите изјави агресорот ги доживува само како знак на слабост, давајќи му неоправдани надежи за успех на неговата агресија и ефикасност на неговите ултиматуми и уценување.

Единствениот реален начин да се врати сеопфатен, праведен и траен мир за Украина беше и останува Формулата за мир, која се заснова на почитување на Повелбата на ОН и императивот за целосно враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници.

По успешниот Прв глобален мировен самит во Швајцарија, каде се собраа над стотина учесници околу почитувањето на меѓународното право, подготовките за Вториот самит за мир се во тек. Веќе се одржаа тематски состаноци за точките од Формулата за мир за енергетска и безбедност на храната, како и за враќање на правдата. Планирани се и настани за други точки од оваа иницијатива во блиска иднина.

Моментално, сите конструктивни напори за мир се насочени кон ефикасно спроведување на Формулата за мир. Треба да се нагласи дека Планот за победа претставен од претседателот Володомир Зеленски пред украинските партнери не претставува замена за Формулата, туку практична алатка за нејзино спроведување.

Принципот „Нема договори за Украина без Украина“ и императивот за почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН остануваат обврзувачки и непроменети за сите. Украина нема да прифати никакви иницијативи кои ги нарушуваат истите.

Ниту една друга земја во светот не бара мир повеќе од Украина. Во исто време, нашата цел не е фиктивен мир, туку сеопфатен, праведен и траен мир што ќе гарантира безбедност за нашиот народ, ќе осигура одговорност за руските злосторства и ќе оневозожи повторување на агресијата. Убедени сме дека оваа цел, исто така, ги задоволува интересите на сите мирољубиви земји и нивните народи.

Украина и украинската нација со сопствениот хероизам постојано докажуваат дека скептичните наслови на странските медиуми се погрешни.

Доволно би било да се потсетиме дека во пресрет на незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна воена инвазија на Русија во февруари 2022 година, скептиците и наводните реалисти предвидуваа дека Украина ќе умре за неколку дена. Спротивно на тоа, нашата држава преживеа, нашиот народ  се спротивставува на целосната агресија речиси илјада дена, а нашите Одбранбени сили ја вратија контролата над повеќе од половина од териториите привремено окупирани од Руската Федерација од 24 февруари 2022 година.

Ова е лекција за сите: потребна ни е храброст и решителност во спроведувањето на Формулата за мир, не сурогатски, слаби и наивни решенија под превезот на „реализам“ што само ќе му дадат на агресорот можност да подготви нов напад против нашата земја и остатокот од слободниот свет.

Ги повикуваме сите држави и меѓународни организации, сите лидери, политичари и јавни личности кои ја почитуваат Повелбата на ОН, меѓународното право и вредноста на човечкиот живот, да ги обединат напорите за враќање на вистински траен и праведен мир, наместо да ги хранат илузиите и апетитите на агресорот.

Превод: Наташа Цветковска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ