Изјава на Министерството за надворешни работи на Украина за ескалација на безбедносната состојба во Донбас од страна на Русија.
Во врска со тоа што руската страна ја обвинува Украина за наводно подготвување на вооружена офанзива во Донбас, Министерството за надворешни работи на Украина изјавува за следното.
Украински државјани живеат од двете страни на линијата на разграничување. Нивниот мир, безбедност и благосостојба се апсолутен приоритет за Украина.
Обвинувањата дека украинската влада има намера да започне офанзивна операција на привремено окупираните територии на Доњецката и Луганската област не соодветствуваат со реалноста.
Украина, исто така, не спроведува ниту пак планира некакви саботажни дејства во Донбас.
Категорично ги отфрламе обидите на Русија да ја влоши и онака напнатата безбедносна ситуација. Остануваме цврсто посветени на политичко-дипломатско решение и, заедно со нашите партнери, вложуваме максимални напори за намалување на тензиите и одржување на ситуацијата во согласност со дипломатскиот дијалог.
Како контраст на тоа, ја набљудуваме Руската Федерација како ја развива својата кампања за ширење на масовни дезинформации, го зголемува гранатирањето на украинските позиции и цивилната инфраструктура, користејќи го оружјето забрането со Договорите од Минск, и ја ескалира безбедносната ситуација.
Се обраќаме со апел до меѓународната заедница, странските држави и меѓународните организации, веднаш да ги осудат провокациите извршени од страна на Руската Федерација и нејзините окупациски администрации во Донбас кои го поткопуваат процесот на политичко-дипломатско решавање.
Отсуството на соодветна реакција или неутрален став само ќе поттикне дополнителна ескалација од страна на Русија.