Украина денес го одбележува Денот на сеќавање на Украинците кои ги спасувале Евреите за време на Втората светска војна, објави министерството за надворешни работи на Украина.
„Го почитуваме подвигот на херојските Украинци кои, ризикувајќи ги своите и животите на своите блиски, им обезбедувале засолниште и спас на Евреите за време на Холокаустот. Се поклонуваме во спомен на повеќемилионските жртви на нацистичкиот режим во Украина и ширум светот“, се вели во коментарот на украинското МНР.
Според бројот на луѓе на кои државата Израел им ја додели титулата Праведник меѓу народите за спасување на Евреите од Холокаустот, Украина е на четвртото место по Полска, Холандија и Франција, истакнуваат од министерството.
„Оддавајќи им почит на пожртвуваноста и хуманоста на Праведниците и на оние Украинци кои спасувале стотици еврејски животи од рацете на нацистичките џелати, но сè уште не ја добиле оваа почесна титула, нагласуваме дека варварските методи што ги користел нацистичкиот режим се идентични на злосторствата што ги вршат денес руските окупатори на украинската земја со нескриена цел да ги уништат Украинците“, потсетува МНР на Украина.
Особено цинични се наративите што доаѓаат од рускиот агресор во овој период, истакнуваат од украинското МНР.
„Наспроти позадината на херојското спротивставување кон руските окупатори, кога Украинците, по цена на сопствениот живот, се изборија за независноста на нашата земја, ја штитат безбедноста на Европејците и ги бранат општочовечките цивилизациски вредности, наративите на кремљ за потребата од „деназификација“ на Украина изгледаат особено цинично“, се вели во коментарот.
Цената на меѓународната солидарност, како за време на хитлеровата агресија против слободна Европа, така и денес – наспроти позадината на тековната вооружена инвазија на русија на Украина, е исклучително висока – тоа е иднината на народите, државите, безбедноста на милиони луѓе, пишува во јавното обраќање на МНР на Украина.
„На орденот доделен на Праведниците меѓу народите, соодветно е нагласено: ‘Оној кој спасува еден живот, го спасува целиот свет’. Убедени сме дека заедничките напори на сите ќе бие обезбеден спас на цивилизациските демократски вредности од посегнувањата на агресивниот режим на кремљ“, се вели во коментарот.
На крајот од ова обраќање, МНР на Украина уште еднаш ја повика меѓународната заедница да вложи максимални напори за што поскоро да се изведат пред лицето на правдата виновниците на геноцидната војна против украинскиот народ, злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени од руските напаѓачи на територијата на Украина.
Извор: МНР на Украина
Коментар МЗС України до Дня пам’яті українців, які рятували євреїв під час Другої світової війни












