• Latest

МНР: Северна Македонија се приклучи кон новиот пакет рестриктивни мерки на ЕУ кон Русија

February 24, 2022
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР: Северна Македонија се приклучи кон новиот пакет рестриктивни мерки на ЕУ кон Русија

February 24, 2022 16:17
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска преку соопштение изрази најостра осуда за вчерашната одлука на официјален Кремљ со која се овозможи воена интервенција од страна на руските воени сили врз Украина и информира дека со одлука на Владата, земјата се приклучи кон новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ кон Руската Федерација, а ќе почне да ги применува и мерките на Унијата од 2014 година.

Како што се наведува во соопштението, со неиспровоцираните и неоправдани воени акции, Русија грубо го крши меѓународното право, повелбата на ООН и принципите и заложбите на ОБСЕ, и со тоа ја поткопува европската безбедносна архитектура како и глобалната стабилност.

-Северна Македонија, во сојузништво со останатите НАТО земји – членки, се приклучува на повикот кон Русија веднаш да ги прекине непријателствата, да ја повлече војската од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Ваквите дејствија неминовно ќе водат кон бројни човечки жртви, со далекусежни последици по светскиот мир, светската економија и развој, за што целосна одговорност ќе има Русија и официјална Москва. Со оглед на сериозноста на ситуацијата и длабочината на повредата на меѓународниот поредок заснован на правила, денеска, Северна Македонија направи политички исчекор со донесувањето на одлука да се приклучи кон новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина, со препорака за придружувањето кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки, стои во соопштението.

Исто така, на предлог на Министерството за надворешни работи, се посочува, Владата донесе одлука и за придружување на преостанатиот сет рестриктивни мерки од 2014 година, поврзани со досегашните санкции на ЕУ кон Руската Федерација, со што Република Северна Македонија во целост или 100 проценти ќе се прилагоди на Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

-Овие одлуки се во согласност со Евроатлантската определба на земјава и се во согласност со нејзините стратешки и државни интереси, наведуваат од МНР.

Воедно, се наведува дека на сите државјани на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои се наоѓаат во кризни региони во Украина и кои ќе побараат привремена заштита и сместување, а немаат свое сместување во Северна Македонија, Министерството за надворешни работи во координација со Министерството за труд и социјална политика ќе овозможи привремено сместување во капацитети кои ќе ги обезбеди државата.

-Апелираме граѓаните да ги следат официјалните информации од институциите со цел спречување на негативните ефекти од лажните вести и создавање паника во врска со безбедносната или економската состојба. Министерството за надворешни работи одблиску ги следи состојбите и е во постојан контакт со нашата Амбасада во Киев и ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес за заштита на нашите државјани во Украина, стои во соопштението од МНР.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ