Министерството за надворешни работи реагира на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.
– Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов веќе има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, потенцираат од министерството.
Од МНР информираат дека Пенев е дипломат од кариера кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.