• Latest

МО преку јавен повик доделува грантови за здруженија на граѓани и фондации

April 5, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МО преку јавен повик доделува грантови за здруженија на граѓани и фондации

April 5, 2018 12:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за одбрана (МО) првпат објавува јавен повик за распределба на средства за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации. Средствата во висина од три милиони денари се одобрени во буџетот на Министерството за 2018 година и ќе се користат за финансиска поддршка на проекти што имаат за цел афирмација на процеси и вредности од важност за државата и за Министерството.

Тоа, како што информираат од МО, се евроатланските интеграции на Република Македонија, популаризација на службата во АРМ, зголемување на транспарентноста во одбраната, како и придонеси во креирањето на одбранбената политика и реформите во одбраната, и значењето и улогата на родовите перспективи во оваа сфера.

Право на учество имаат здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот повик.

– Распределбата на средства ќе се спроведува согласно добрата практика за обезбедување финансиски средства утврдена во Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации. Изборот на корисници ќе се изврши врз основа на критериуми од Кодексот за добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, како и врз база на посебни критериуми за бодирање на предложени проекти, велат од МО.

Доделувањето на такви средства, додаваат, во изминатите години се вршеше преку директни средби и договори, и сегашниот јавен повик е прв од таков вид кој овозможува транспаретност во распределбата на средствата, како и еднакви шанси за сите заинтересирани корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.

– Овој јавен повик е уште една потврда за транспарентното работење на Министерството за одбрана во областите каде треба да биде вклучена јавноста и каде треба да се води сметка за јавниот интерес, како што е користење на буџетски средства за афирмација на проекти и вредности од важност за државата и за Министерството. Ги повикуваме сите здруженија на граѓани и фондации кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, најдоцна до 30 април да пријават свои проекти и идеи, со што ќе се вклучат во процесите за подигнување на стандардите во нашето општество, потенцираат од МО.

Барањето и Образецот за пријавување се објавени на веб страницата на Министерството за одбрана www.morm.gov.mk.


извор: МИА

Tags: Министерство за одбранаповикпроектРепублика Македонијафондации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ