• Latest

Могерини и Хан ја презентираа Стратегијата за Западен Балкан

February 6, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Могерини и Хан ја презентираа Стратегијата за Западен Балкан

February 6, 2018 15:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Западен Балкан географски е дел од Европската унија и дели иста историја и ќе делиме заедничка иднина во рамки на Европската унија, рече високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која беше презентирана Стратегијата на ЕК за Западен Балкан.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1550604995057964/

„Стратегијата дава заеднички конкретни перспективи за ЕУ-интеграција на секој од шестте партнери, врз основа на заслуги и процеси кои се познати. Јасно е дека потребата од реформи постои за луѓето да ги имаат и уживаат истите права и стандарди како и жителите на ЕУ. Лидерите и луѓето на Балканот направија јасен избор за членство во ЕУ, секоја со свое темпо и време, но со јасна цел. Денеска ние го правиме истото, им кажуваме дека и нашиот избор е ист и перспективата е јасна“, рече Могерини.

Таа додаде дека датумот 2025 година не е краен рок, туку цел и реална перспектива за затворање на целиот процес за сите кои имаат почнато и тие кои во блиска идина ќе ги почнат преговорите.

„Да го внесеме Западен Балкан во ЕУ не во некоја далечна иднина, туку нашата генерација. Следните месеци ќе бидат интензивни и амбициозни и се надевам дека следните месеци ќе ги паметиме како пресвртница и клучни за ЕУ. Бројот на членки не е врзан за бројот 27 и може да биде поголем“, рече Могерини.

Стратегијата има шест конкретни иницијативи кои ги покриваат сите клучни области, како владеење на право, безбедност и миграција, социо-економски развој, транспорт, дигитална агенда, помирување и добрососедство.

Еврокомесарот за проширување Хан, истакна дека ова е историска можност и позитивен момент што создава мотивација и оптимизам, но секој мора да ја исполни својата домашна задача.

Во врска со Стратегијата за Западен Балкан, што денеска беше презентирана во Стразбур и Брисел, Хан вели дека со неа им се дава јасна перспектива на зејмите од регионот за тоа дека местото им е во ЕУ.

„Стратегијата е патоказ за следните три години, во шест различни области, за кои се предложени 57 конкретни проекти во економскиот развој, владеење на правото, дигитализацијата, директните контакти меѓу граѓаните. Стратегијата и сите позитивни елементи не се покана, туку едноставно канализирање на сите иницијативи кои се започнати во минатото. Јасно е дека критериумите мора да бидат исполнети. Затоа е добро да се истакне дека не се работи за омекнување на критериумите за влез, туку овие датуми треба повеќе да служат како поттик за лидерите и земјите кандидатки да ги спроведат потребните реформи“, изјави Хан.

А.П.

Tags: ЕУЗападен БалканЈоханес ХанстратегијаФедерика Могерини
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ